Полициски службеници од СВР Битола и Одделот за криминалистичка полиција ги лишија од слобода Е.Ј.(46) од Скопје, Д.Т.(48) од Свети Николе и А.Т. (45) од Дојран и против нив поднесоа кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
На 09.03.2026, пријавените со уште едно лице, со лажно прикажување на факти довеле во заблуда жена од Битола дека нејзината ќерка ја скршила ногата и требало да се направи итна операција и ѝ побарале пари, по што таа од нејзиниот дом зела околу 150.000 илјади денари, 150 евра, 1.300 австралиски долари и златен накит и ги предала на пријавените.
На сторителите според Кривичниот закон им се запретува казна од три до пет години затвор.
Измама- Член 247:
(1) Тој што со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист ќе доведе некого во заблуда со лажно прикажување или со прикривање факти или ќе го држи во заблуда и со тоа ќе го наведе да стори или да не стори нешто на штета на својот или туѓ имот, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
(3) Ако сторената штета е од поголема вредност, сторителот ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.



















