Гевгелија, на последниот ден од април предпразнично раздвижена.
Северниот ветар го развиори знамето, утрешниот празник ги раздвижи граѓаните по набавки, некои на кафе седенки ги прават последните планови за празнично дружење, а градот како искусен домаќин, се подготвува смирено и мудро за време на продолжениот празничен викенд да дочека гости и мераклии кои го љубуваат сонцето на југот.
Дали на првомајски пикник, или викенд гости, важно е да сте добредојдени!
Имајте убав ден 🍀🌞
Пред да започне претпразничното олабавување на денот природата се претстави со ветер и пролетен дождец во Гевгелија.
Трудбениците заминаа дома од работа. Утре е нивниот ден – Денот на трудот, 1 Мај. Ќе ги слават придобивките од работа.
Денот е симбол на дружење, другарство, пријателство, првомајска скара, фудбал на пољанка и ладно пиво.
Среќен Ви ден трудбеници!



















