четврток, 13, август 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Гевгелија има Олимпиец по економија – Стефан Младеновски

Средношколецот Стефан Младеновски од СОУ „Ј.Јосифовски“ од Гевгелија освои ПРВО место на Македонската економска Олимпијада и ќе ја претставува Македонија на Меѓународната економска олимпијада во Кина

мај 12, 2026
in ФОКУС
Гевгелија има Олимпиец по економија – Стефан Младеновски
0
SHARES
459
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Со максимални 75 поени при националната селекција на македонски кандидати за Меѓународната економска Олимпијада за 2026 што ќе се држи во Кина, Стефан Младеновски, средношколец од Гевгелија освои ПРВО место и со тоа стана предводник на Македонскиот економски олимписки тим.

Стефан инаку е двократен државен првак по економија за 2025 и 2026 година. На одржаната селекција меѓу најдобрите средношколци од Македонија на тема економија тој го покажа своето доминантно знаење и освои ПРВО место и златен медал, со што се пласира во тимот кој ќе ја претставува Македонија на Меѓународната економска олимпијада (IEO 2026), која ќе се одржи од 12 до 20 јули во Кина.
Тој е ученик во СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија, трета година, а за натпреварот се пдготвуваше под менторство на професорката Јасмина Костова-Папалазова.

Related posts

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026
Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

август 12, 2026
Официјални резултати – Стефан од Гевгелија со најмногу освоени поени и златен медал

Стефан го зачува местото н врвот – „НАЈДОБАР по ЕКОНОМИЈА“ меѓу средношколците во Македонија Тој и минатата 2025 година на Националната економска Олимпијада освои максимален број поени и се пласираше за учество во Националниот тим на Меѓународната Економска Олимпијада во Атина, Република Грција.

Меѓународната економска олимпијада (IEO) е престижен натпревар за средношколци од целиот свет во областите економија, финансии и бизнис. На олимпијадата учествуваат национални тимови од повеќе од 70 држави, а натпреварот опфаќа индивидуален тест од економија и финансии, задачи со реални економски проблеми и тимски бизнис случај (business case). Организацијата е со седиште во Берн, Швајцарија, а нејзиниот советодавен одбор го сочинуваат врвни имиња, меѓу кои и нобеловците Eric Stark Maskin (професор по математика и економија на Харвард) и Kamer Daron Acemoğlu (професор по економија на МИТ). IEO е една од 15-те официјално признати меѓународни научни олимпијади.

Оваа година, под македонското знаме во Кина ќе се натпреваруваат:

1. Стефан Младеновски – СОУ „Јосиф Јосифовски“, Гевгелија
2. Теа Ангелова – Меѓународно училиште „НОВА“, Скопје
3. Оливера Џамбазова – СУГС „Орце Николов“, Скопје
4. Георги Јаковлев – ПСУ „Јахја Кемал“, Струга
5. Ванеса Томова – ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје

Националното првенство за селекција на македонските кандидати за Меѓународната економска Олимпијада, односно Четвртата Македонска економска олимпијада (МЕО) се одржа на 30.04.2026 година, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, во организација на Сојузот на математичари на Македонија (СММ), како единствено акредитирано научно здружение за организирање на овој натпревар.
Најдобрите ученици од првата селекција се пласираа во финалниот дел, каде ги одмерија знаењата од областа на економија, финансии, бизнис, како и примената на логичкото размислување и математичко-статистичките методи.

Покрај златниот медал на Стефан, значаен успех постигна и ученикот Јован Оџаков (IV година) при СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија, кој освои сребрен медал под менторство на Русица Атанасова и Софија Тошева-Раманчева. На државното првенство учествуваа и гевгелиските ученици Дарко Ѓоргиев, Тони Танов (ментори Сашо Папалазов и Снежана Кичукова) и Трајче Панев (ментори Русица Атанасова и Софија Тошева-Раманчева), кои успешно ја поминаа првата селекција.

Честитки за нашиот гевгелиски Олимпиец по економија и посакуваме многу успех, среќа и медал за Македонија!

Средношколецот Стефан Младеновски од Гевгелија Економски Олимпиец

Стефан Младеновски – Двократен Државен ПРВАК по Економска Олимпијада 2025 и 2026

ShareTweetShareSend
Previous Post

Кривична пријава против дилери на дрога од Гевгелија и Струмица

Next Post

ВИДЕО: Гевгелија денес – во ритамот на Светскиот ден на пчелите

Next Post
ВИДЕО: Гевгелија денес – во ритамот на Светскиот ден на пчелите

ВИДЕО: Гевгелија денес - во ритамот на Светскиот ден на пчелите

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Честит 5 Октомври – Меѓународниот ден на учителот!

Честит 5 Октомври – Меѓународниот ден на учителот!

3 години ago
Илина и Ева – први репрезентативки на Македонија во ритмичка гимнастика

Илина и Ева – први репрезентативки на Македонија во ритмичка гимнастика

3 години ago

Тешкото

4 години ago
Aвстрија е победник на Евросонг 2025

Aвстрија е победник на Евросонг 2025

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Смртно настрада дрвосечач на Кожуф
  • ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени
  • Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026
ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

август 13, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist