Најмалите фудбалски сили на ФК „Кожуф“ генерација 2018 под водство на тренерот Бојана Танова денес настапија на финалниот турнир од Детската македонска фудбалска лига и го освоија ЧЕТВРТОТО место, што им донесе ПЕХАР за заслужената игра.
Во полуфиналето младите 7-8 годишни деца-фудбалери на ФК „Кожуф“ се соочија со екипата на ФК „Вардар“ од Скопје каде остварија резултат од 3:4 за Вардар.
Со тоа останаа на позицијата 4-то место во Македонската Детска Фудбалска лига од 18 тимови кои настапуваа на турнирот. Сепак се во друштво на најдобрата 4-ка во Македонија, во категорија деца фудбалери.
Патот до Пехарот го остварија со следните дуели и победи:
– во 1/8 финалето ФК „Дарданет“ Тетово – ФК „Кожуф“ победа од 2:8
– во 1/4 финалето ФК „Пелистер“ Битола – ФК „Кожуф“ победа со 3:5
– во 1/2 со ФК „Вардар“ – ФК„Кожуф“ – победа за Вардар со 4:3


Натпреварите се одиграа денеска во Скопје на терените на Фудбалската Федерација на Македонија, која е и организатор на завршниот турнир од Детската фудбалска Лига на Македонија.
Браво за заслужениот пехар на младите фудбалски сили од Гевгелија!


Запомнете го овој тимски состав. Минатата недела тие освоија ТРЕТО место во категоријата U8 на Интернационалниот Мастер Куп 2026 што се одржа на терените во Гевгелија, Валандово и Дојран, а собра на едно место 60 тимови од Европа и Балканот. И, овде нашите деца фудбалери освоија подиум и ПЕХАР за трето место во меѓународна конкуренција со единствен пораз само од ФК „Црвена Ѕвезда“ Белград.
Браво деца златни!
ФК „Кожуф“ U8 oсвои ТРЕТО место на Интернационалниот „Мастер Куп“ 2026




















