Голем пожар изби попладнево во атарот на с.Стојаково, општина Богданци.
Пожарот е пријавен во 15:40 часот. На терен замина екипа на ТППЕ Гевгелија со противпожарни возила и опремени пожарникари.
Додека траеше акцијата за гаснење на пожарот на опожарената нива со пченица во атарот на Стојаково, во ТППЕ Гевгелија пристигна повик за пожар во маркетот „КАМ“ во Гевгелија. Овде била опожарена електричната инсталација. Акцијата од ТППЕ Гевгелија била брза и ефикасна и пожарот во маркетот „КАМ“ е изгаснат.
Во меѓувреме пожарот во стојачкото поле продолжил да се шири потпомогнат од сувата вегетација и лесно горливата пченица. На терен е тим на ТППЕ Гевгелија со 4 противпожарни возила и со едно теренско возило „Лада Нива“ со 10 опремени пожарникари. Во близина е и ветерниот парк „Перк“. Засега истиот не е загрозен, но полето се’ уште е под огнена закана.
Акцијата на противпожарната единица од Гевгелија е во тек.




















