Од Дневниот билтен на ПС Гевгелија за изминатото деноноќие:
На 26.06.2026 во 14:00 часот во ПС Гевгелија В.П.(64) од Гевгелија пријави дека на 26.06.2026 околу 09:00 часот на нива во Гевгелија,сопственост на правно лице од Гевгелија, додека извршувал работни задачи со трактор, ископал стара авионска граната. Известена е Дирекцијата за заштита и спасување за подигање на гранатата.
Истиот ден петок оставил непријатно искуство за еден малолетник. Во 23:30 часот во ПС Гевгелија, 46-годишен маж од Гевгелија пријави дека истиот ден околу 22:00 часот, неговиот малолетен син, кој бил заедно со негови другари, бил физички нападнат од едно лице на ул. „Сава Михајлов“ во Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчерашниот ден петок се случила тешка повреда на едно лице во викенд куќа во Дојранско.
Во 22:30 часот во ПС Гевгелија е добиена пријава од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, дека кај нив со возило на Итна медицинска помош Гевгелија бил донесен С.П. (32) од Скопје, кој, според пријавеното, се здобил со повреди од струен удар, додека извршувал работни задачи на викенд- куќа во с. Николиќ, општина Дојран, сопственост на А.Н. од с. Кадино. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



















