Ден сабота, 04.07.2026 во 19:45 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода С.Н..(43) од Струга, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.
Истиот ден, викенд ден сабота, на 04.07.2026 во 20:30 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода С.Ј.(30) од Скопје. При преглед на патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј. била пронајден марихуана, а додека при преглед кај С.Ј. била пронајдена грутчеста материја.
Денеска, недела, на 05.07.2026 во 00:30 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода В.М.(29) од село Раброво, валандовско. При преглед кај него била пронајдена бела грутчеста материја.
Инаку, во истото деноноќие 04-05/07.2026 спроведена е контрола и во други делови од државата и лишени се од слобода се’ вкупно 12 лица заради истиот прекршок, затоа што кај нив при преглед е пронајдена дрога.

Таква судбина доживеале:
– С.С.(37), Ј.Е.(29), В.Н.(23) и А.П.Ч.(41), сите од Скопје, како и Е.Б.(40) од с.Долно Количани, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста и грутчеста материја и марихуана;
– Г.Ш.(33) и Н.Ш.(30), двајцата од Битола, бидејќи при преглед кај Г.Ш. била пронајдена марихуана; и
– А.Ј.(39) од с. Долно Дупени и В.Т. (25) од Скопје, бидејќи при преглед на патничко возило „Рено” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј., а во кое сопатник бил В.Т., била пронајдена марихуана.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, кои за вакво дело се теретат според Кривичниот закон на Р.С.Македонија.



















