На 18.07.2026 во 17:15 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија ги лишија од слобода Х.М.(21) и 17-годишен малолетник од Скопје. Тие истиот ден од каса на маркет во Стар Дојран одзеле пари, кои се пронајдени кај нив и одземени.
Известени се јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и Центарот за социјални работи Гевгелија и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во вториот случај на кражба лишена е од слобода жена во Гевгелија.
На 17.07.2026 во 16:10 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ја лишија од слобода М.П.(45) од Богданци, поради сомнение дека истиот ден околу 10:00 часот од просторија во ЈЗУ „Општа болница“ Гевгелија одзела мобилен телефон, сопственост на вработена во болницата. Во службен разговор таа го признала делото и од неа бил одземен мобилниот телефон, кој ќе биде вратен на сопственичката.
Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот, против М.П. ќе биде поднесена кривична пријава, известуваат од МВР.



















