Во неделата и ноќта спрема понеделникот во Гевгелија двајца гевгеличани завршиле во полициска станица поради примена на физичка сила, насилство врз своите партнерки.
Првиот случај е евидентиран на 19.07.2026 (недела). ОВР Гевгелија јавува дека полициски службеници го лишија од слобода Љ.М.(67) жител на Гевгелија, во 21:35 часот во Гевгелија. Според пријавеното, тој агресивно се однесувал кон неговата 66-годишна сопруга, а претходната вечер во семејниот дом и физички ја нападнал, при што и’ нанел повреди на телото.
Лицето Љ.М. е задржано во Полициската станица Гевгелија и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вториот случај е регистриран повторно ноќеска, после полноќ. На (20.07.2026) во 03:45 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.М.(49) од Гевгелија. Според пријавеното, тој ноќта 19/20.07.2026 во негов имот во атар на Богданци физички ја нападнал неговата 44-годишна вонбрачна партнерка, при што и нанел повреди на телото.
Лицето М.М. е задржано во Полициската станица Гевгелија и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.



















