Петокот попладне започна празничната инвазија кон најужното летувалиште, Дојран и Дојранското езеро. Повеќе автомобили, гости во рестораните, скарите разгорени, пазарот полн и капачи за мерак разладување – вака започна продолжениот празничен викенд.
Ова е само претходница. Вистинското стампедо од гости се очекува на 2 август кога се одбележуваат двата македонски Илиндена, „Денот на републиката“ 2 август 1903 и АСНОМ-ска Македонија, 2 август 1944, а Дојран го слави својот заштитник Св.Илија.
Со туристи на подолг престој, попатни посетители и зголемена фреквенција на возила, Дојран го започна илинденскиот празничен викенд. Редици возила беа забележани на граничниот премин „Дојран” пред седум часот наутро
Пратпразнично, или празнично, Дојран Ве очекува! 🏖🌞🚣♂️




















