Денес небото доби нов ангел, Биљана Ќириќ, 17 годишната жртва на фемицид во Богданци.
Погребана е денес на градските гробишта во Гевгелија, во цутот на младоста, покосена од тој кој требаше да ја сака, чува и пази, нејзиниот партнер Виктор (21г.).
Наместо со другарките во школските клупи, денес 17 годишната Биљана примаше пораки со последен поздрав од нив испишани како проштални писма. Гробното место немаше доволно простор да ги собере сите цвеќиња, честитки, панделки и писма исполнети со бескрајна болка.
Згасна оваа насмевка која нема да расцути повторно како цвеќињата што го покрија нејзиното вечно почивалиште. Отиде да се претстави пред Бога на пат кон светлината и рајските порти.
Можеше да живее, да биде матурантка, мајка, успешна жена. Но, насилникот имал друг план за неа. Ја претвори во пепел во автомобилот-клада.
Почивај во мир Биљана 🙏 Летај со ангелите! Крвникот сам си пресуди, но некој претходно требаше да го запре пред да посегне по твојот живот. За да остане насмевката, за да остане сјајот во очите, за да има иднина младоста.




















