Осма година по ред, dm drogerie markt ја организира хуманитарната иницијатива Giving Friday, а средствата од донацијата ќе бидат наменети за набавка на пакети со храна за социјално загрозени сограѓани преку хуманитарната организација „Св. Спас“.
Додека Black Friday традиционално го привлекува вниманието со попусти, специјални понуди и потрага по пониски цени, dm drogerie markt и оваа година избира поинаков начин да го одбележи овој ден. На 27 ноември, компанијата ќе одвои 5% од вкупниот дневен промет остварен во сите dm продавници во земјата, а средствата ќе бидат донирани на хуманитарната организација „Св. Спас“, за обезбедување пакети со основни прехранбени производи за социјално загрозени сограѓани. Преку иницијативата Giving Friday, купувањето добива дополнително значење, а вниманието од потрошувачките навики се насочува кон солидарноста и поддршката на оние на кои им е најпотребна.
За разлика од вообичаениот концепт на Black Friday, кога во фокусот се заштедите при купување, Giving Friday ја става во преден план вредноста на дарувањето. Купувачите не треба да преземат дополнителни чекори за да бидат дел од иницијативата – доволно е на 27 ноември да ги купат своите омилени производи во dm. Од вкупниот остварен промет тој ден, компанијата ќе го издвои предвидениот дел за донација во висина од 5%.

Оваа година, Giving Friday се одржува по осми пат, продолжувајќи ја традицијата што dm ја започна во 2019 година. Во текот на изминатите години, иницијативата стана дел од општествено одговорните активности на компанијата, поврзувајќи го периодот на засилено купување со можноста за поддршка на заедницата.
Под мотото „Giving is the new black“, dm потсетува дека вистинската вредност на еден ден не мора да се мери само преку она што сме го купиле, туку и преку она што сме придонеле за другите. Токму затоа, додека Black Friday го става акцентот на зголемената купопродажба, Giving Friday нуди можност таа да биде поврзана со конкретна хуманитарна цел.
На 27 ноември, посетете ја најблиската dm продавница и станете дел од Giving Friday! Со секое купување на овој ден придонесувате кон вкупниот промет од кој dm ќе одвои 5% за обезбедување пакети со храна за социјално загрозените сограѓани преку хуманитарната организација „Св. Спас“.

Хуманитарната организација “Свети Спас” е формирана од скопската православна епархија при М.П.Ц- ОА. Има за цел да им помогне на сите луѓе на кои им е потребна помош, без разлика на вера, националност, политичка определба и т.н. Помошта се состои во храна, хигиенски производи, обувки, реновирање и изградба на домови, помагање за собирање средства за операции и т.н. Оформена е со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и засега им помага на преку 350-тина семејства на кои што континуирано, секој месец, им носи храна, хиг. производи, облека и т.н.


Хуманост, надеж и закрила! Ранливите категории луѓе очекуваат помош и подадена рака од нуманите луѓе. Бидете и вие хумани на 27 ноември, купете ги потребните производи за Вас и Вашето семејство од dm и бидете дел од хуманитарната донација за социјално загрозените семејства преку ХО „Свети Спас“.




















