понеделник, 19, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Конечно – Ќе се подига спомен обележје за Илија Џаџев

По 19 години предлагање, конечно Советот на општина Гевгелија ќе расправа по Предлог-Одлука за подигање спомен-обележје – скулптура на Илија Џаџев (1926 – 1991)

септември 19, 2024
in ФОКУС
Конечно – Ќе се подига спомен обележје за Илија Џаџев
0
SHARES
165
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

По 19 години предлагање, конечно Советот на општина Гевгелија ќе расправа по Предлог-Одлука за подигање спомен-обележје – скулптура на Илија Џаџев (1926 – 1991), хуманитарец, виртуоз на обична и хавајска гитара, поет и актер, самостоен амбасадор на нашата земја.

Одлуката ќе се најде пред советниците од гевгелискиот локален самоуправен орган на утрешната 47-ма редовна седница на Советот на општина Гевгелија.

Related posts

Средношколецот Стефан Младеновски од Гевгелија Економски Олимпиец

Средношколецот Стефан Младеновски од Гевгелија Економски Олимпиец

мај 19, 2025
ЕВН најави повремени прекини на електрична енергија за потрошувачите од КЕЦ Гевгелија

ЕВН најави повремени прекини на електрична енергија за потрошувачите од КЕЦ Гевгелија

мај 18, 2025

Со одлуката за која треба да се изјаснат советниците спомен обележјето за Џаџев треба да биде излеано во бронза, а местото на неговото поставување ќе биде во централното градско подрачје во близина на Народниот театар во Гевгелија.

Предлогот за вакво оддолжување на општина Гевгелија кон својот истакнат хуманитарец, виртуоз на хавајска гитара, поет и уметник, доаѓа од Домот на културата „Македонија“ од Гевгелија.

Да потсетиме, Илија Џаџев за прв пат се најде во Програмата за одбележување на истакнати настани и личности кои придонеле за афирмација на општина Гевгелија уште во 2005 година и истата беше изгласана од тогашниот општински Совет. Пред крајот на годината средствата од оваа програма, едвам 300.000 денари „ги јадеше“ ребалансот на Буџетот на општината со тоа што тие се прераспоредуваа во други ставки, а Програмата за одбележување на истакнати настани и личности кои придонеле за афирмација на општина Гевгелија остануваше со „Нула“ средства и „Нула“ реализација. Во истата се наоѓаше и ставката за подигање спомен обележје за посветениот доктор Александар Синѓер, првиот послевоен лекар во Гевгелија кој животот и професијата ги посвети на Гевгелија во која го реализира целиот свој работен век и тука почина. Третата ставка во програмата беше реставрација на „Андреевиот конак“, архитектонска урбана знаменитост на Гевгелија. Секоја ставка имаше предвидено по 100.000 денари за реализација, а секоја година ребалансот на буцетот „ги проголтуваше“ сите 300.000 денари за други намени.

И оваа гимнастика се повторууваше и во 2006, 2007, … од страна на сите следни состави на лоален општински Совет, сите Градоначалници, се’ до декември 2023 кога воопшто не беше нотирана ваква Програма во општинскиот Буџет. Значи, ЦЕЛИ 19 години името на Џаџев се нотираше во Програма, цели 19 години се бришеа парите за реализација на спомен-обележјето.

Подоцна се направи Предлог листа на истакнати личности кои би требало да бидат опфатени во една пообемна Програма на општина Гевгелија за одбележување на истакнати настани и личности со спомен-обележје за периодот од 2024- 2029 година. Во истата се најде и името на Илија Џаџев.

Еве го конечно, предлогот за изработка на спомен-обележје за единствениот хавајски уметник од Гевгелија кој одржал над 8.000 хуманитарни концерти насекаде низ светот, без надокнада, но со љубов и посветеност за секого, за обичниот човек, за работниците, за новороденчињата, за пазарџиите, за патниците на железничката станица, за течението на Вардар … ете конечно стаса пред советниците.

Џаџев, извини на полните усти фалба, сиве овие години, а никаков ангажман за одбележување на твојата личност и дело. Ќе се научиме, ама полека, ете учиме да ги цениме вредностите кои не’ одбележуваат! Вечна слава!

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Дунав се излеа од коритото и почна да ги поплавува насипите во центарот на Будимпешта

Next Post

Празнично во с.Богородица, гевгелиско по повод Мала Богородица

Next Post
Празнично во с.Богородица, гевгелиско по повод Мала Богородица

Празнично во с.Богородица, гевгелиско по повод Мала Богородица

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава за гевгеличанец и струмичанка

Кривична пријава за гевгеличанец и струмичанка

2 години ago
Македонија гласаше во ОН за прекин на огнот во Газа

Македонија гласаше во ОН за прекин на огнот во Газа

1 година ago
ВИДЕО: Вулканска лава проголта град во Исланд

ВИДЕО: Вулканска лава проголта град во Исланд

1 година ago
Македонката Христијана е Европски првак во теаквондо за 2023

Македонката Христијана е Европски првак во теаквондо за 2023

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Бесплатна Обука за згрижувачки семејства за деца без родители
  • Средношколецот Стефан Младеновски од Гевгелија Економски Олимпиец
  • Aна, Томче и Божидар од Гевгелија победници на трката „Децата под Исарот“

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Бесплатна Обука за згрижувачки семејства за деца без родители

Бесплатна Обука за згрижувачки семејства за деца без родители

мај 19, 2025
Средношколецот Стефан Младеновски од Гевгелија Економски Олимпиец

Средношколецот Стефан Младеновски од Гевгелија Економски Олимпиец

мај 19, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist