Четири млади лица од Гевгелија биле пронајдени и извлечени поладнево од планината Кожув информира Центарот за управување со кризи. Тие биле недостапни од вчера, а помош побарал таткото на едно од изгубените лица. Тој не можел да ги добие на нивните телефони, па пријавил на 122.
Четворицата исчезна вчера заминале од населба Смрдлива Вода, што е на подножјето на планината, кон месноста Мала Рупа на планината Кожуф.
Во потрагата биле ангажирани полицијата – СВР Гевгелија, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), ЈП „Национални шуми“ – подружница Гевгелија и кабинетот на градоначалникот и други надлежни локални институции, служби и претпријатија како и граѓани, месни жители, а и членови на планинарски друштва.
Исчезнатите биле пронајдени кај месноста Мала Рупа над населбата Смрдлива Вода.
- „Денеска (05.02.2023 година, недела), Центарот за управување со кризи по пријава од 112 во ЦУК, преку Секторот за операции и регионалните центри РЦУК Струмица и РЦУК Гевгелија координираше барање исчезнати четири млади возрасни лица на Кожув, коишто се пронајдени живи и здрави од ангажираните субјекти на Системот за управување со кризи од Гевгелија и се упатени доцна попладнево кон своите домови.
Инаку, пријавата на 112 во ЦУК за исчезнатите четири лица е примена во 14:50 часот, денеска. Се јавил загрижениот татко на едно од изгубените лица, бидејќи лицата веќе повеќе од еден ден не биле достапни, времето било многу студено со ветар и снег, а последен пат таткото остварил телефонски контакт околу 15:00 часот, еден ден пред тоа (04.02.2023 година, во саботата). Тој посочил дека, иако постојано се обидувал да ги добие телефонски, тие на сите четри броја биле недостапни. Конкретно, тие заедно, четворицата исчезнати, во текот на вчерашниот ден заминале од населба „Смрдлива Вода“, што е на подножјето на планината, кон месност „Мала Рупа“ на Планината Кожуф“ – известуваат од ЦУК.