вторник, 1, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home МОЗАИК

Ана Бегова победник на трка во Србија во сениорска конкуренција

Десетгодишната Ана патеката ја истрча за 25:32 min и зад себе ги остави атлетичарките со поголемо искуство, 39 годишната Слаѓана Дечемриќ како второпласирана и 24 годишната Теодора Јанковиќ како трето пласирана, инаку и двете искусни српски атлетичарки од Србија

март 3, 2025
in МОЗАИК, СПОРТ
Ана Бегова победник на трка во Србија во сениорска конкуренција
0
SHARES
408
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Атлетската патека во паркот Чаир, во Ниш, Србија во неделата беше епицентар на себенадминувањата, на спортскиот елан и личните успеси, со атлетски собир на над 300 спортисти, во конкуренција маратон, полумаратон, трка на 5 километри и 4 х 5 км.

Најголемо изнанадување за сите на патеката од 5 километри во сенирска конкуренција беше девојчето Ана Бегова од Гевгелија, која има само 10 години, а оствари резултат за ПРВО место. Е, ова е вистински пример на себенадминување, како што се вика и самата трка „trka samoprevazilazenja“.

Related posts

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

јуни 30, 2025
Методија Ичев од Богданци истрча  маратонот на Олимп од 44 km

Методија Ичев од Богданци истрча маратонот на Олимп од 44 km

јуни 30, 2025

Ана патеката ја истрча за 25 минути и 32 секунди и зад себе ги остави атлетичарките со поголемо искуство, 39 годишната Слаѓана Дечемриќ како второпласирана и 24 годишната Теодора Јанковиќ како трето пласирана, инаку и двете искусни српски атлетичарки.

Прво место за АНА и Македонското знаме со најдобро време 0:25:32

Нашата мала атлетска стрела од југот – Ана Бегова за својот успех од организаторот беше наградена со Диплома за освоено ПРВО место, со ЗЛАТЕН медал и Пехар за победник на трката од 5 километри.

Широкото раширеното клубско знаме на Атлетскиот клуб „7-ми Ноември“ од Гевгелија, чиј член е Ана само ја потврдуваат доминацијата на овој мал тркачки динамит, кој не прави „пардон“ додека ги претркува постарите и поискусни од себе. И, иако е мала по висина, прави доминација на подиумот со своите клубски бои.

Инаку, Гевгелискиот атлетски клуб на трките во Ниш беше застапен со тројца тркачи: Ана, нејзиниот тренер Тодор Анчев и Максим Ангов (12 годишен), член на „школата за атлетика“ при АК „7 Ноември“.

Максим Ангов трасата ја истрча за 22 минути и 08 секунди, а во конкуренција на сениори, машки учесници на трката, тоа беше доволно да го завземе 13-то место.

Во текот на секој метар од трката го следеше неговиот тренер Тодор Анчев, кој при крајот се одвои од својот ученик, го засили темпото и се пласираше на 6-тото место.

Атлетските стрели од Гевгелија

Ова е забележителен успех за атлетската екипа од Гевгелија и триумф на малата Ана во меѓународна атлетска конкуренција.

Честитки за постигнатите резултати на атлетичарите од Гевгелија!
Браво за Ана! Браво за Максим! Браво за посветениот тренер и ментор!

ShareTweetShareSend
Previous Post

Филмот „Анора“ e aпсолутен победник со освоени пет статуетки на 97-то издание на ОСКАР

Next Post

Највкусната баклава во слаткарницата „Шар планина“ Гевгелија

Next Post
Највкусната баклава во слаткарницата „Шар планина“ Гевгелија

Највкусната баклава во слаткарницата „Шар планина“ Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Пожарот кај Негорци ставен под целосна контрола

ВИДЕО: Пожарот кај Негорци ставен под целосна контрола

11 месеци ago
ФК „Кожуф“ генерација 2012 – ТРЕТО место на Детската лига на Македонија

ФК „Кожуф“ генерација 2012 – ТРЕТО место на Детската лига на Македонија

1 година ago
Изложба „80 години од победата над фашизмот“ на НУ „Музеј“ Гевгелија

Изложба „80 години од победата над фашизмот“ на НУ „Музеј“ Гевгелија

2 месеци ago
Милена Стамкова – Библиотекар на годината за 2024

Милена Стамкова – Библиотекар на годината за 2024

2 недели ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија
  • Македонецот Кире Науновски победи на шоуто „Никад није касно“
  • Методија Ичев од Богданци истрча маратонот на Олимп од 44 km

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

јуни 30, 2025
Македонецот Кире Науновски победи на шоуто „Никад није касно“

Македонецот Кире Науновски победи на шоуто „Никад није касно“

јуни 30, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist