Младите атлетски таленти од АК „7 Ноември“ од Гевгелија Ана Бегова, Томче Петков и Божидар Цицмиловиќ денеска освоија ТРИ ПРВИ места, секој во својата категорија на Детската трка „Деца под Исарот“ што се одржа во Штип.
На трката која денеска го имаше своето Второ издание „Децата под Исарот“ на патеката долга 400 метри истрчаа 1000 деца секој во различна возрасна и полова категорија.

Во конкуренција на девојчиња до 12 години прва на целта пристигна малата брзонога Ана Бегова од Гевгелија, посетител на „Школата за атлетика“ при АК „7 Ноември“ од Гевгелија и носител на 23 трофеи од освоени први места на трки во земјата и регионот надвор од Македонија, во текот на 2024 година.
Таа е најнадежна млада спортистка од Гевгелија – секаде каде настапува освојува подиум, а омилен и најчесто освојуван и е победничкиот подиум, за ПРВО место.
Денеска во Штип освои медал и трофеј „Летечка патика“ баш како што Ана лета кон целта секогаш кога се натпреварува, со цел да биде прва, и ете и денеска и успеа, да освои ПРВО место
Томче Петков е носител на победнички медал и трофеј за освоено прво место на детската трка „Децата под Исарот“ во Штип, во конкуренција на машки до 8-9 години.
Томче прв стигна и ја помина лентата на „Целта“.
Медал и трофеј за брзоногиот Томче од Гевгелија.
Сезоната на трофеи Томче ја започна уште во Кавадарци и продолжува да ги руши своите рекорди на патеките каде што настапува.
Трката „Децата под Исарот“ има и хуманитарен карактер што ја прави уште повредна, а се одржа во организација на “Fit Gym Kiko”.

ТРЕТИОТ медал за Гевгелија го освои Божидар Цицмиловиќ. Тој освои Прво место и трофеј „Летечка патека“ за најдоброто истрчано време на патеката од децата во својата возрасна група, 9/10 години


Браво за нашите мали атлетичари, а големи по победите наши шампиони!