Атлетичарот Антонио Пандовски од Македонија истрча 600 километри од Соборниот храм во Скопје до манастирот Острог во Црна Гора, во чест на “малите херои”, децата што се борат со дијагнозата рак во своето тело и во спомен на својата мајка, почината од истата кобна дијагноза.
Својата маратонска трка ја реализираше со цел да покрене донаторска акција за собирање 45.000 евра за набавка на апарати за Детската онколошка клиника во Скопје.
Антонио ја реализира својата мисија во 17 дена со поддршка на фондацијата „Ице Бегов“ од Гевгелија, како и со донациите од неколку општествено-одговорни компании.
Хуманоста е незапирлива кога со неа ќе се зафатат решителни и издржливи срца! ❤💒
Последниот километар до манастирот Острог Антонио го истрча бос, секоја стапка беше поврзување со оваа света земја, поврзување со душата на неговата мајка на која и’ го посвети маратонот, за спас и надеж на малите пациенти од Детската клиника за онкологија во Скопје.
На портата од манастирот тој се поклони до земја, а неговите чувства лебдеа од возбуда:
– „Сеуште незнам каде сум само сум во своето срце. Бог е голем, фала ти Боже, фала ти што ми дозволи да бидам овде, фала ти Боже“ – изјави Антониот при пристигнувањето во манастирот Острог.
Целта е исполнета, средствата за набавка на медицински апарати се собрани, надежта на децата болни од рак продолжува со поголема сила за добрите луѓе кои им помагаат да ја победат болеста.
Својот успех Антониот го посвети на својата почината мајка и „малите херои“ постирајќи посвета за неа и малите пациенти кои се борат за живот, на социјалните мрежи:
– „Мајко…
Стигнав. Уште малку сила ми остана, ама срцето е полно. Твојот сон сега е мое дело.
Секоја солза, секоја болка, секој камен под моите нозе вредеше. Го положив мојот подвиг пред Острог. И ти го посветив тебе.
И на сите мали срца што се борат за живот.
Нека знаат љубовта не запира. И јас нема да застанам. 💙🙏🇲🇰 “ – напиша Антонио на својот фесбук профил.
Има ли поголем успех и човештина кога од себе даваш за да помогнеш некому – Антонио ја даде својата животна сила трчајќи 600 километри, добрите луѓе дадоа донаторски прилог за да се набават апарати за дијагноза и третман на болните деца од рак = ЧОВЕШТИНА со ГОЛЕМО СРЦЕ!



Честитки момче, за истрајноста, за ПОБЕДАТА!