четврток, 13, август 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Осумнаесет лица се повредени во пожарот во „Макпрогес“ во Виница

Дел од повредените се во кочанската болница, а дел на клиниките во Скопје

септември 7, 2025
in MАКЕДОНИЈА
Осумнаесет лица се повредени во пожарот во „Макпрогес“ во Виница
0
SHARES
233
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Вкупно осуманесет лица биле примени синоќа во Општата болница во Кочани со повреди од пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогес“ во Виница, познат по брендот „Винчини“.

Дел од нив се задржани во болницата, а дел се препратени на клиниките во Скопје, изјави за МИА раководителката на одделението за анестезиологија и реанимација во Општата болница во Кочани, д-р Оливера Цимбаљевиќ.

Related posts

ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН!

ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН!

август 2, 2026
Деветмина лишени од слобода во Скопје, кај нив е пронајдена дрога

Деветмина лишени од слобода во Скопје, кај нив е пронајдена дрога

јули 31, 2026

Според неа, сите повредени во пожарот што се примени во кочанската болница се во стабилна состојба.

Дел од повредените имаат изгоренции на нозете, а дел инхалациони повреди од вдишување чад.

Петмина од повредените, како што вели таа, се наоѓаат на одделението за хирургија, од кои кај четворица се констатирани изгореници на нозете од прв и втор степен.

Таа не може да прецизира колкумина од повредените се пожарникари, а колку се вработени во фабриката „Макпрогрес”, но, како што вели, сите што се примени во кочанската болница се во стабилна состојба.

Инаку, како што вчера информираше директорот на Дирекцијата за заштута и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, неколкумина пожарникари, без да наведе конкретна бројка, се здобиле со изгореници на стапалата откако се заглавиле во смола од стопен шеќер во еден од производните погони на фабриката.

Во врска со бројот на повредени денеска се огласи градоначалникот на Виница, Миле Петков, кој во изјава за државната новинска агенција вели дека во текот на синоќешниот пожар медицинска помош побарале 16 лица. Информацијата, како што изјавил тој, ја добил од Здравствениот дом во Виница.

Според неговите информации, во пожарот се повредени пожарникари, доброволци и вработени во фабриката.

Вистинска драма се одвивала кога пожарникари од Штип, Кочани и Свети Николе, кои влегле во жариштето на пожарот, останале заглавени во лепливата, жешка смеса. Според извори од терен, нивната соодветна заштитна опрема спречила уште потешки последици.
Во хаотичната акција за спасување, неофицијално, повредени се и дел од пожарникарите кои се обидувале да ги извлечат своите заглавени колеги.
На местото на несреќата, освен големиот број противпожарни возила, присутни се и повеќе амбулантни и полициски екипи кои помагаат во справувањето со состојбата и асистираат на повредените.

– „Според информациите од Здравствен дом Виница помош побарале 16 лица, дел од повредените се пренесени во Здравствен дом во Кочани, додека оние коишто имаат вдишано чад се пренесени во Клинички центар во Скопје. Здравствената состојба им е добра“, вели Петков.

Тој изјавил дека пожарот во фарбиката „Макпрогрес“ е локализиран, а опожарени се три погони и магацин на површина од околу 5 000 метри квадратни.

Пожарот во фабриката, како што информираше синоќа Центарот за управување со кризи, бил пријавен во 18:40 часот преку единствениот број за итни случаи – 112. Стихијата, според ЦУК, избувнала во магацините и во производствените погони 6, 7 и 8 на фабриката, по што на терен веднаш излегле екипите на ТППЕ Виница со неколку противпожарни возила и пожарникари.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Нова еколошка акција на хероите од Дојран

Next Post

ВИДЕО: ТРЕТА еколошка акција на Хероите од Дојран

Next Post
ВИДЕО: ТРЕТА  еколошка акција на Хероите од Дојран

ВИДЕО: ТРЕТА еколошка акција на Хероите од Дојран

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Дарко Прошевски – ПРВ на трката „ПроМили“ на 10 km, 50+

Дарко Прошевски – ПРВ на трката „ПроМили“ на 10 km, 50+

3 месеци ago
Започна изградба на атлетска патека во Гевгелија, инвеститор е Министерството за спорт

Започна изградба на атлетска патека во Гевгелија, инвеститор е Министерството за спорт

2 години ago
Велика Британија, Австралија и Канада ја признаа Палестина како суверена држава

Велика Британија, Австралија и Канада ја признаа Палестина како суверена држава

11 месеци ago
Александар Груиќ победник на „Круна Опен 2023“

Александар Груиќ победник на „Круна Опен 2023“

3 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Смртно настрада дрвосечач на Кожуф
  • ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени
  • Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026
ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

август 13, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist