сабота, 3, октомври 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ИЗБОР на уредникот

Во Гевгелија пристигна „Првото електрично возило на пат околу Светот“

Невообичаено електрично еколошко возило со единствена мисија да пропатува низ целиот Свет денеска пристигна во Гевгелија

октомври 4, 2025
in ИЗБОР на уредникот, МОЗАИК, ФОКУС
Во Гевгелија пристигна „Првото електрично возило на пат околу Светот“
0
SHARES
1.1k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Невообичаено електрично еколошко возило со единствена мисија да пропатува низ целиот Свет денеска пристигна во Гевгелија. Го затекнавме брачниот пар Глорија и Фан Јуху како паркираат во центарот на Гевгелија на најдолгата улица „7 Ноември“.

На каросеријата од нивното возило има ознака за нивната патувачка мисија и знамето на секоја земја која до сега ја посетиле со својот уникатен еколошки автомобил.

Related posts

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026
Осум (8) години од тројниот „РЕНО РЕКОРД“ на Стојачани

Осум (8) години од тројниот „РЕНО РЕКОРД“ на Стојачани

септември 30, 2026

Нивната мисија е да пропатуваат во 101 земја во нивното возило со нулта емисија. Со тоа, тие сакаат да исполнат лична цел, но и да покажат дека патувањето може да биде еколошки одговорно.

– „Понекогаш е голем предизвик да се најде место за полнење на нашите автомобили. Многу земји, немаат доволно полначи, па затоа мора да бараме станици за полнење, што понекогаш е голем предизвик. Покрај тоа, често е проблем да се најде тоалет, бидејќи, како што знаете, секогаш сме на пат“, вели Глорија Јуху.

Во Гевгелија за среќа има електричен полнач на 10-на метри од нивното место каде беа денеска паркирани и беа услужно упатени каде да го наполнат своето возило.

Електичниот автомобил околу светот паркиран пред ресторан „Елита“ во Гевгелија

Она што е веќе стандардно во Кина, во овој дел од Европа се користи само спорадично. Сепак, има и одлични искуства: велат дека биле особено трогнати од топлината на луѓето тука, како и од богатата локална кујна.

– „Ја сакаме Македонија првенствено затоа што времето е убаво, луѓето се љубезни, пријатни и лесни за комуникација“, додава Глорија.

Македонија е моментално е 96-то знаме во нивната патна „архива“, а остануваат уште шест. Иако и двајцата се прв пат тука, Глорија вели дека се надева дека нема да им биде последен.

Електричното возило и Мапата по која патува брачниот пар Јуху

Глорија и Фан се не толку обични туристи, тие се брачен пар од Малезија и Кина, со својот потфат покажуваат дека патувањето може да биде еколошки одговорно. Во текот на петте години брак, до сега посетиле 95 земји низ целиот свет, сите со својот електричен автомобил. Глорија и нејзиниот сопруг Фан Јуху денеска застанаа во Гевгелија, Македонија.

Oва е видео од нивното патување низ Унгарија, снимено на граничниот премин Хоргош, каде возилото беше „заглавено“ од преголемата гужва. Сепак со својот несекојдневен изглед возилото привлече посебно внимание и дигната рампа за премин, после вообичаената гранична процедура.

Од Унгарија заминале за Србија, а од тука во Македонија и во нашата Гевгелија.

Им посакуваме пријатен престој и среќно понатамошно патешествие!

ShareTweetShareSend
Previous Post

ВИДЕО: Големи поплави во Бугарија, тројца загинати, 200 eвакуирани

Next Post

Штафетната четворка од Гевгелија победник на „Скопскиот маратон 2025“

Next Post
Штафетната четворка од Гевгелија победник на „Скопскиот маратон 2025“

Штафетната четворка од Гевгелија победник на „Скопскиот маратон 2025“

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Почина Ведрана Рудан, хрватска новинарка и писателка позната по своето остро перо

Почина Ведрана Рудан, хрватска новинарка и писателка позната по своето остро перо

2 месеци ago
(Видео) Вонредна состојба во Пирот, хоспитализирани над 50 лица поради истекување на амонијак

(Видео) Вонредна состојба во Пирот, хоспитализирани над 50 лица поради истекување на амонијак

4 години ago
„Еурактив“: Албанија се одвојува од С Македонија на патот кон ЕУ, Скопје останува во лимбо

„Еурактив“: Албанија се одвојува од С Македонија на патот кон ЕУ, Скопје останува во лимбо

2 години ago
Голем пожар кај Негорци, гевгелиско, итно испратен хеликоптер на АРМ

Голем пожар кај Негорци, гевгелиско, итно испратен хеликоптер на АРМ

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава
  • ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец
  • Во Македонија 54% од населението се пушачи

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

октомври 2, 2026
ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist