Запознајте ги висинските херои од овој викенд: Јован Мандалов, Калина Ашикова и Ангел Карајков, сите имаат по 7 години, а успееја бестрашно по ветар и снег да се искачат на врвот „Зелен брег“ заедно со 100-на планинари во рамките на Меморијалниот марш „Димитар Кангов – Кангата“ што се реализира оваа недела.
Меѓу највозрасните на маршот беше Лазар Кочев, 82 годишен планинар, член на ПСК „Двете уши“ Гевгелија.

Младите планинари се членови на ЗПСК „Кожуф“ од Гевгелија кои се организатори на маршот и евидентно е дека посветено спроведуваат акциска политика за приближување на планинарскиот спорт кон децата.


На малите херои по реализацијата ма Меморијалниот марш им беше доделена Благодарница од клубот за нивниот придонес во афирмација на планинарскиот спорт. Благодарниците им ги додели претседателката на ЗПСК „Кожуф“, Магдалена Јованова.



Ете како планинарството покажува дека е спорт кој може да го практикуваат и големи, и мали, важно е да имаат желба, кондициона спремност и расположение за часови и часови другарство на планина.
Браво дечиња!
Честитки за Лазар Кочев, долго здравје и уште многу искачени врвови со планинските пријатели!



















