Дождовите најавени за западниот дел од Македонија рано, рано утрово ја посетија и Гевгелија. Во текот на 12 часа од утрово наврнаа 3,4 литри дождовна маса на 1 м2. Севкупно во текот на 15те изминати часови од почетокот на денот, наврнаа 5,4 литри дожд на еден метар квадратен
Почвата нема да им се налути на дождовните облаци што ја нагостија со влага неопходна за есенските плодови, ниту веќината граѓани на Гевгелија кои руморењето на дождовните капки го сетија само во сон, без да ги наквасат чевлите.
Инаку, севкупно во текот на 15те изминати часови од почетокот на денот, наврнаа 5,4 литри дожд на еден метар квадратен во Гевгелија.
Најмногу дожд заврна на Попова шпка 11,0 л/м2, потоа Маврови Анови и Пожаране по 10 л/м2, Охрид 9, во Лазарополе 8 л/м2.
Од Управата за хидромтеоролошки работи на Македонија најавуваат дека времето во следните денови ќе биде: „До вторник ќе преовладува претежно стабилно и суво време, а во среда повторно се очекуваат врнежи од дожд“.
Имајте пријатен ден!



















