Дводневниот полициски билтен на ОВР Гевгелија укажува дека несреќи во сообраќајот се случуваат од невнимание, но и дека возачи завршуваат зад решетки.
На 13.04.2026 во 19:30 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во Итна медицинска помош Гевгелија за укажување на лекарска помош била донесена 12- годишна малолетничка од Богданци, која се здобила со тешки телесни повреди при пад од електричен тротинет на ул. „Васо Марков“ во Богданци. Увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија.
Извештајот за пад од електричен тротинет се најде во полицискиот билтен бидејќи случајот настанал на јавна сообраќајница. Mожни причини за несреќата се слаба видливост, нерамен пат, или невнимание. За ова нема податоци во извештајот.
Можна несреќа била спречена и со исклучувањето од сообраќај и лишувањето од слобода на еден гевгеличанец кого сообраќајната полиција го затекнала да управува со моторно возило без возачка дозвола. Тој е еден од 6-мината возачи кои полицијата во изминатите 24 часа ги лишила од слобода поради безобѕирно управување со моторно возило. Од нив четири управувале возило без возачка дозвола (2-ца од Битола, по еден од Скопје и Гевгелија), а двајца управувале возило под дејство на алкохол (од Струга и Струмица).
По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави за несовесните возачи.
МВР АПЕЛИРА до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување, или доколку се под дејство на алкохол, со што сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
Брзо опоравување на повредената малолетничка од Богданци.



















