Никола Тимев (53 год.) со прекар Мамли е жртвата од свирепата тепачка во с.Сретеново, дојранско.
Тепачот, иако негов пријател, половина час се заборавил од мавање со метална шипка по главата и целото тело, од што Никола добил повеќе скршеници и обилно крварење, од што починал во болницата во Гевгелија.
Дојранчани се простуваат од својот сограѓанин Никола, кој иако е родум од Богданци долги години живеел во Дојран.
– „Почивај во мир МАМЛИ 🙏🏻 Каков и да беше, никој не заслужува таква смрт” – е пораката од дојранчани на социјалните мрежи.
ОЈО Гевгелија денес отвори истрага за кривично дело “убиство” и побара притвор за осомничениот за да не влијае врз сведоците при истрагата.
RIP 🙏🕯



















