Тоше Анчев, атлетичар од гевгелискиот АК „7 Ноември“ викендов ја започна спортската 2026 со настап на трката „The Eurosport Attard“ што се одржува во градот Атард во Малта.
На траса од 10 километри градска трка по невреме со дожд и ветер Анчев ја истрча патеката за време од 44’10“ минути, што е негово достигнување во однос на вонредните зимски услови што ги имаше тој ден Малта и го освои 111-то место од вкупно 568 учесници.

Трката се одржа во неделата со учество на околу 700 атлетичари од различни земји, во градски услови, (во машка, женска и детска конкуренција, во трчање и одење на 10 км), каде сепак има висини и каскади, а топлата медитеранска Малта, тој натпреварувачки ден изненади со ветрот, студот и дождот.
На трасата се натпреваруваше уште еден гевгеличанец Пепи Марков, кој живее и работи во Малта веќе извесно време. Тој 10 километарската патека ја истрча за 48 минути.

Спортистите јужњаци не мируваат, ја започнаа натпреварувачката сезона 11-от ден од годината со насмевка и освоени медали. Честитки!!
View this post on Instagram




















