четврток, 13, август 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

Влатко Семенаков – Балкански ШАМПИОН на трка од 800 m

Влатко Семенаков освои ДВА ПОДИУМА, ДВА МЕДАЛА на Атлетска БАЛКАНИЈАДА во Словенија

март 16, 2026
in СПОРТ
0
SHARES
198
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Истакнатиот гевгелиски спортист, атлетичар, професор и тренер, Влатко Семенаков годинава по втор пат учествуваше на Балканско првенство во атлетика кое годинава се одржа во Словенија во организација на АК „Крка“ од Ново Место.

На терените Влатко истрча на трасата од 800 и 1500 метри и освои ДВА ПОДИУМА:
– ПРВО место на трасата од 800 метри со време од 2 минути и 17 секунди, и 08 стотинки.
– ТРЕТО место на трката од 1500 метри со време од 4 минути и 40 секунди и 90 стотинки..

Related posts

Коста Попристовски од Богданци – Меѓународен шаховски првак У16

Коста Попристовски од Богданци – Меѓународен шаховски првак У16

август 9, 2026
Гевгелија и Македонија подготвени за стартот на Европското првенство!

Гевгелија и Македонија подготвени за стартот на Европското првенство!

август 6, 2026

На трасата од 800 м Семенаков ги претрча атлетичарите од Турција, Романија, Србија, Словенија и Албанија и е БАЛКАНСКИ ШАМПИОН на патеката од 800 метри.

Шампионски подиум за шампионот Влатко Семенаков од Гевгелија
Победничкото време на Семенаков испишано на таблата за трката од 800 m и знамето на Македонија

 

На трката од 1500 метри Влатко го собори својот личен рекорд истрчувајќи за 8 секунди побрзо од најдоброто време кое го има до сега остварено на оваа патека. Влатко е роден 1984 година и настапуваше во категорија М-40 мажи ветерани. На патеката ги претрка атлетичарите од Турција, Словенија, Србија и Бугарија.

Македонско знаме на Подиумот за трето место на 1500 м со гевгеличанецот Семенаков

Инаку Влатко не е прв пат на Балканијада. Минатата година настапи на Балканското првенство во атлетика во Хрватска и освои ВТОРО место на трката од 800 метри. Тогаш постигна резултат 2:17:36 и беше втор, годинава се подобри за 28 стотинки и се искачи на победничкиот подиум.

Влатко Семенаков освои ВТОРО место на Балканско Првенство во Хрватска

Честитки за македонскиот медалист, професорот Влатко од Гевгелија!

Инаку, Семенаков за својот успех на Балканското првенство во Хрватска и бројни освоени подиуми на атлетски настапи во земјата и странство годинава беше награден со плакета „Спортист на годината за 2025, во категорија М-40“ од спортската редакција на GevgelijaNET. Пред ова Семенаков беше добитник на Плакета „Спортист на годината за 2024“ со својата сеприсутност на спортските терени и како атлетичар, и како тренер во „Школата за атлетика“ и како ментор на училишните екипи на млади спортисти од Гевгелија, тренер на најдобрата тенисерка од Гевгелија, тренер на фудбалски екипи кои победуваат на турнири.
Со новите спортски настапи во 2026 Семенаков ја продолжува низата од успеси и ја докажува својата спремност да освојува подиуми, трофеи и медали, можеби и да понесе уште една нова титула „Спортист на годината“.

Влатко Семенаков – најуспешен спортист од Гевгелија за 2024

Среќно професоре!

На Балканијадата во Словенија настапија спортисти од 13 земји од Балканот
Македонец од Гевгелија ги брани атлетските бои на MKD на Балканијадата во Словенија
ShareTweetShareSend
Previous Post

Александар Груиќ од Гевгелија – Вицешампион на европски турнир U-16

Next Post

МВР-ПС Дојран – пронајдена граната и тешка сообраќајка

Next Post
МВР-ПС Дојран – пронајдена граната и тешка сообраќајка

МВР-ПС Дојран - пронајдена граната и тешка сообраќајка

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Граѓански митинг на Стево Пендаровски во Гевгелија

Граѓански митинг на Стево Пендаровски во Гевгелија

2 години ago
Граѓаните незадоволни од заканите на пекарите – „Ќе месиме сами леб“

Граѓаните незадоволни од заканите на пекарите – „Ќе месиме сами леб“

3 години ago
АК „ 7-ми Ноември“ со благодарност до општина Гевгелија

АК „ 7-ми Ноември“ со благодарност до општина Гевгелија

3 години ago
Обука на ДППД Дојран за технички интервенции со стручни лица од „Флориан“ Велика Британија

Обука на ДППД Дојран за технички интервенции со стручни лица од „Флориан“ Велика Британија

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Смртно настрада дрвосечач на Кожуф
  • ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени
  • Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026
ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

август 13, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist