Се верува дека ова е најсреќниот ден во годината, најсветлиот и радосен вторник.
Овој ден пред 150 години бил најрадосниот ден во с.Миравци, гевгелиско. Спасена е селската девојка, убавицата Мара од турските грабнувачи. Ја спасил брат и’ Ѓуро со другарите.
Цело село се радувало и низ годините славеле за овој настан и така настанала манифестацијата “Ѓура Мара”.
„Ѓура Мара” се одржува и вечерва на сред село во Миравци под покровителство на Министерството за култура на Македонија, со поддршка на општина Гевгелија, а во организацијана КУД „Танец“ од Миравци.
Среќен празник миравчани!
Низ оро и песна на сред село “Собрале ми се набрале” легендата ја оживуваат фолклористите од КУД “Танец” Миравци, најстарото фолклорно друштво во општина Гевгелија.
Видео, од минатогодишниот настап, 2024 год. на трет ден Велигден, во Миравци




















