Дарио Иванивски, македонскиот олимпиец во Париз 2025 и стипендист на МОК вчера во Белград се искачи на подиум за освоеното ВТОРО место на 39-от традиционален „Белградскиот маратон 2026“.
Дарио маратонската траса од 42 километри ја истрча со време од 02:09:35 h, освои сребрен медал во силна конкуренција, со 2.000 маратонци од над 70 земји. Ивановски влезе во рекордот на трката, со оглед дека претходниот рекорд беше околу 2 часа и 10 минути.
Првотото место му припадна на Гемсиса Гада од Етиопија со рекорд на стазата од 2:09.08 h.
Дарио имаше одличен втор дел од трката, каде од четвртото место, успеа да стигне до втората позиција. Оваа година белградскиот маратон имаше изменета траса, и тоа даде резултат со рекорд на патеката.

Ден претходно, во саботата на „Белградскиот маратон“ се трчаше полумаратонска трка од 21 километар. Овде учество зеде гевгелискиот атлетичар Влатко Семенаков кој освои подиум за ТРЕТО место во категорија мажи +40, и 29-то место во генерален пласман од 5.148 учесници. Влатко патеката од 21 km ја истрча за 01:22:57h и лично оцени дека ова е ТОП резултат на вака тешка патека меѓу конкуренти од африканските земји кои важат за искусни атлетичари.

Заедничко и на двајцата успешни учесници на „Белградскиот маратон 2026“ е што и двајцата имаат ист тренер, Игор Јакимовски.

Ивановски, кој е олимписки стипендист на Македонскиот олимписки комитет, продолжува да напредува и да ја потврдува својата класа на меѓународната сцена. Неговиот успех е доказ дека континуираната работа, посветеноста и системската поддршка даваат резултати.
Семенаков е професор по спорт, атлетичар, велосипедист, тренер во „Школата за атлетика“ при АК „7 Нември“ каде активно членува, тренер по тенис, лиценциран тренер за фудбал, „Спортист на годината за 2024“ во избор на локалниот портал GevgelijaNet, „Најуспешен спортист во категорија +40 за 2025“ во избор на спортската редакција на GevgelijaNet.
Честитки за двајцата успешни спортисти, Олимпиецот Дарио и атлетскиот првенец од Гевгелија Влатко Семенаков.



















