четврток, 13, август 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home БАЛКАН

ГЕВГЕЛИСКИ УСПЕХ: Митко Иванов ВТОРО место на меѓународен натпревар за спа, велнес и физиотерапија

Во конкуренција од 140 учесници од Балканот и регионот претставникот од Македонија на Меѓународниот натпревар во Сараево освои ВТОТО место

април 29, 2026
in БАЛКАН, ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
ГЕВГЕЛИСКИ УСПЕХ: Митко Иванов ВТОРО место на меѓународен натпревар за спа, велнес и физиотерапија
0
SHARES
496
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Македонското знаме и Гевгелија се искачија на победничкиот подиум во Сараево! На штотуку завршениот престижен меѓународен натпревар за спа, велнес и физиотерапија, македонските претставници постигнаа историски резултат во исклучително силна конкуренција.

Посебен успех забележа Митко Иванов, кој во конкуренција од вкупно 140 учесници од целиот регион, успеа да го освои високото второ место. Заедно со него, достоинствено и професионално Македонија ја претставуваше и Васил Бабулов. Двајцата натпреварувачи, иако по потекло од Струмица, се горди ученици на едукативниот центар на Спа и Велнес Асоцијацијата на Македонија (СВАМ) со седиште во Гевгелија.

Related posts

dm и оваа година е дел од Светската недела на доењето

dm и оваа година е дел од Светската недела на доењето

август 6, 2026
ВИДЕО: Хаос на „Евзони“ – возачите пред конфликт!

ВИДЕО: Хаос на „Евзони“ – возачите пред конфликт!

август 2, 2026
Медалоносецот Митко Иванов (со знамето на Македонија) и судијата Александар Мендов

Под будното око и менторство на претседателот на СВАМ и официјален судија на натпреварот, Александар Мендов, нашите претставници покажаа техничка прецизност и етика кои беа наградени од меѓународното жири на Светската федерација за масажа.

  • „Горд сум на Митко и Васил. Ова второ место е потврда за квалитетот на обуките што ги спроведуваме во Гевгелија. Да се биде во самиот врв меѓу 140 професионалци е доказ дека нашиот едукативен систем е на светско ниво“ – изјави за GevgelijaNet судијата Александар Мендов, кој воедно е претседател на Спа и Велнес Асоцијацијата на Македонија (СВАМ).

Тој изрази благодарност до Општина Гевгелија, која ја препозна важноста на овој настан и овозможи овие млади професионалци да ја претстават нашата општина и држава на меѓународната сцена.

Мемов меѓународниот успех на македонскиот учесник го оцени како мотив плус за Гевгелија да се етаблира како регионален центар за врвна спа, велнес и физио едукација.

Настанот се одржа под покровителство од Светската федерација за масажа (World Massage Federation) и Здружението на физиотерапевти, фризери и козметичари „СИНЕРГИЈА“ на 23 и 24 април во Сараево, Босна и Херцеговина.

Сараево 2026 – прогласување на победниците, ВТОРО место за Македонија, Гевгелија

Стручното меѓународно жири високите оценки ги доделува за извонредната техничка изведба, ергономијата на терапевтот, професионалниот однос, хигиената, перформанс, познавање и целокупниот пристап кон клиентот. Нашиот награден натпреварувач покажа спој на медицинско знаење и врвна велнес услуга.

Ете за таква велнес услуга се учи во Гевгелија, а се победува во Светот!

Александар Мендов од Гевгелија беше дел од меѓународниот судијски тим во Сараево
Македонскиот тим – Мендов (судија), Митко Иванов ВТОРО место и Васил Бабулов, диплома за учество
ShareTweetShareSend
Previous Post

Хуманитарен АПЕЛ – Последна надеж за малата НИНА, да донираме за нејзината операција за да прооди

Next Post

ВИДЕО и ФОТО: ПРЕТПРАЗНИЧНА ГЕВГЕЛИЈА

Next Post
ВИДЕО и ФОТО: ПРЕТПРАЗНИЧНА  ГЕВГЕЛИЈА

ВИДЕО и ФОТО: ПРЕТПРАЗНИЧНА ГЕВГЕЛИЈА

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Јован и Јане од Негорци – Прваци по електроника и информатичко размислување на државно ниво

6 месеци ago
Две победи на подмладокот на ФК „Кожуф“ на меѓународен турнир во Грција

Две победи на подмладокот на ФК „Кожуф“ на меѓународен турнир во Грција

3 години ago
Изгоре човек во пожар кај Железничка станица во Ѓорче Петров

Изгоре човек во пожар кај Железничка станица во Ѓорче Петров

1 година ago
Гевгелиската трка „November run 20203“ со сертифицирана  стаза за трчање

Гевгелиската трка „November run 20203“ со сертифицирана стаза за трчање

3 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Смртно настрада дрвосечач на Кожуф
  • ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени
  • Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026
ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

август 13, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist