Со дефиле низ центарот на Гевгелија на културно-уметнички друштва од Валандово, Струмица, Штип и градот домаќин, продолжи попладнево чествувањето на Спасовден, заштитникот на Гевгелија.
Низ центарот на Гевгелија продефилираа членовите на „Распеани Гевгеличани“, „Распеани Струмичани“, Вокалната група „Ѓердан“ од Штип, Пејачката група при Здружение на пензионери „Сава Михајлов“ од Гевгелија и „Распеани Валандовчани“.
Традицијата на одбележувањето вечерва беше збогатена со концерт на староградски песни на сцената од Народниот театар на кој со свој репертоар на изворни народни песни настапија горе споменатите КУД-ва.
Спасовден распеан 🪗🎻🥁 Програмата на концертот ја отворија домаќините, пејачкиот состав и оркестарот на „Распеани Гевгеличани“.
Петдневните чествувања на Спасовден се во организација на Општина Гевгелија во соработка со Домот на културата „Македонија“ Гевгелија.




















