Игор Џамбазов во придружба со Гуру Харе во свој елемент вечерва ја заокружи втората фестивалската вечер на “TASTE the SOUTH”.
Дождот не ги поколеба гевгеличани да го проследат забавниот дел од програмата, а тука беа и богатите штандови со локалните кулинарски специјалитети.
Само слаткото од зрели смокви остана да се свари утре.
Стиховите од блуз рефрените на Џамбазов одекнуваа до доцна во мирната летна ноќ низ Гевгелија.

Ритамот од фестивалската сцена на „Вкуси го Југот“ ја исполни Гевгелија оваа саботна вечер.




















