Мировните сили на КФОР предводени од НАТО велат дека 25 нејзини војници биле повредени во судирите со етничките Срби во северно Косово, кои се обидуваа да ги преземат канцелариите на една од општините каде што градоначалниците, етнички Албанци, ги зазедоа своите позиции на локални избори одржани минатата недела.
Насилството беше последниот инцидент додека тензиите се зголемија во текот на изминатата недела.
Етничките Срби денес се обидоа да влезат во зградата на локалната општина во Звечан и се судрија со полицијата. Тие ги бојкотираа изборите и не ги признават резултатите, поради што со жив ѕид сакат да спречат градоначалниците да влезат во општинските згради.
Демонстрантите Срби ги блокирале возилата и специјалците останаа внатре речиси цел ден. Едно од нивните возила беше испишано со српакиот симбол 4С, а на друго беше ставенп српско знаме, објави Танјуг.
КФОР беше повикан да интервенира о да ја смири тензијата. Почна да преговара со демонстрантите за да бидат пропуштени косовските специјалци, но според веб медиумот КосСев, насобраните Срби барале сите коаовски полицајци да си заминат од општината.
Откако овие “улични” преговори не успеале силите на КФОР се обиделе да ги потиснат Србите, но тие седнале на земја. Тогаш, спореџ Танјуг, војниците на КФОР се обиделе да ги извлечат седнатите демонстранти, но тие почнале да ги гаѓаат со камења.
КФОР возвратил со потиснување но и со, како што тврдат српските медиуми, шок бомби и гумени куршуми
Демонстрантите биле растурени по што се извлечени косовските специјалци од оклопните возила. Во судирите во Звечан се слушнале и истрели, но засега нема информации од кого се испукани иако има обвинувања о од двете страни.