ДВЕ ЗАТНИ, еден СРЕБРЕН и две БРОНЗЕНИ медали донесоа младите изведувачки од „Евро-Порта Фест“ Гевгелија, од учеството на меѓународниот музички фестивал „Виножито над Клептуза“, што се одржа во Велинград, Република Бугарија.
Шест учеснички на минатогодишниот Музички Фестивал „Европорта Фест“ што се одржа во Гевгелија, во организација на ЗГ „Внимание“ од Гевгелија, под менторство на музичкиот педагог Маја Зафирова успешно настапија на годинашниот 13-ти Меѓународен фестивал за млади изведувачи на популарна музика и танц „Виножито над Клептуза“ во Бугарија и освоија ТРИ наградни позиции и ПЕТ медали.
Добитнички на престижните награди и медали од фестивалот се:
1. ЗЛАТЕН медал – Ања Поп-Костова и Слободанка Арнаудова ја освоија првата награда на Фестивалот;
2. СРЕБРЕН медал – Ивана Коколанска втората награда во категоријата соло-изведба:
3. БРОНЗЕН медал – Анастасија Зафирова и Ања Поп-Костова се добитници на третата награда во категоријата дуети.
Ангела Зафирова и Билјана Дуева имаа успешни настапи.
Активностите на ЗГ „Внимание“ се поддржани од Програмата за култура на Општина Гевгелија за 2023 година. Со наградите кои ги освојува на меѓународни настапи учесниците ги докажуваат своите вокални квалитети, а здружението успешните културни остварувања во своите програмски заложби за развивање на културните афинитети кај младата генерација гевгеличани.
Фестивалската манифестација која им додели ТРИ НАГРАДИ на нашите гевгелиски претставнички од Меѓународниот фестивал за млади изведувачи на популарна музика и танц „Виножито над Клептуза“ е во организација на Општина Велинград. Главната цел на Фестивалот е да се зајакне музичката култура кај младите и да се создадат пријателски односи и размена на добри практики меѓу учесниците од различна верска и етничка припадност.
Ете, освен пријателствата, нашите талентирани претставнички ги докажаа своите музички и вокални способности и во меѓународна конкуренција, претставувајќи ја распеана Гевгелија и песнопејна Македонија.