Денеска претпладне (во 10:00 часот) изби пожар на депонијата која се наоѓа во атарот на село Николиќ, дојранско.
На терен се упати тим од Доброволното противпожарно друштво од Дојран со едно Противпожарно возило и три пожарникари и интервенираше на гасење на запалена депонија.
– „Благодарение на брзата интервенција пожарот не се прошири на нискостеблестата шума во нејзина близина, ниту ги загрози домаќинствата и имотите на граѓаните од селото“ – велат од ДППД „Дојран“.
Од ДППД Дојран воедно додаваат:
– „Апелираме до сите граѓани да се однесуваат одговорно и да не палат оган на отворено.Во случај на пожар или друга елементарна непогода да повикаат на тел.број 193 Противпожарна единица. :
Инаку, во државата е прогласена портокалова фаза, а со тоа една од мерките е забрана за движење во шума од 07 до 20 часот, со цел со неодговорниот престој во природа со палење цигари, фрлање отпушоци, или спремање скара да не се предизвикаат опожарувања и штети од поголеми размери.
Еве ја екипата на ДППД Дојран на терен при интервенција во с.Николиќ денеска, понеделник 24 јули 2023.