среда, 17, септември 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

OТВОРЕНА ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ПРОТИВ ДВЕ НЕГУВАТЕЛКИ ОД ДГ „ЦВЕТОВИ“ – ГЕВГЕЛИЈА

ноември 25, 2022
in MАКЕДОНИЈА, ФОКУС
OТВОРЕНА ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ПРОТИВ ДВЕ НЕГУВАТЕЛКИ ОД ДГ „ЦВЕТОВИ“ – ГЕВГЕЛИЈА
0
SHARES
145
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Случајот со бебето кое во градинка добило гребаници на лицето, како лесни телесни повреди констатирани во медицински наод од лекар, но коj кај вознемирените родители предизвика лавина од медиумски реакции, дури и од пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ од Гевгелија, денеска со инспекцискиот надзор од МТСП се констатира дека е постапено согласно законот за заштита и згрижување на деца.

Против двете негувателки задолжени за групата за згрижување на деца до 2 годишна возраст во клонот „Цветови“ во Гевгелија е покрената дисциплинска постапка за кое завчера (23.11.2022 г.) е доставен предлог од директорката на ЈОУДГ „Детска радост“ Гевгелија, Екизабета Стојменова.

Related posts

По тешка сообраќајна несреќа  кај с.Богородица почина Саше Франгов

По тешка сообраќајна несреќа кај с.Богородица почина Саше Франгов

септември 15, 2025
Демант од Левица: Пратеникот Јанчев немал алкохол во крвта и не возел над дозволеното

Демант од Левица: Пратеникот Јанчев немал алкохол во крвта и не возел над дозволеното

септември 14, 2025

Ова е констатирано и во Записникот од денешниот инспекциски надзор во клонот „Цветови“ срочен од страна на надлежен инспектор од Министерството за труд и социјала кој беше на лице место за да ја утврди фактичката состојба за настанот кој се случил во вторникот (22.11.2022 г.) , а го објави опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Директорката на Јавната општинска установа за деца, градинка „Детска радост“ Гевгелија, поднела предлог за поведување на дисциплинска постапка против негователките и донела Решение за формирање на комисија за утврдување на повреда на работната дисциплина. При вонредниот инспекциски надзор е утврдено дека директорот постапил согласно одредбите од Законот за заштита на децата. Според дадените изјави на негувателките, детето се стекнало со гребнатинки при пад во игра со останатите деца кои биле санирани, а мајката ја информирале при преземањето на детето од установата“, соопшти Министерството.

Случајот од вторникот, вчера беше пријавен и во полицијата од страна на таткото на бебето, лицето Т.Н. (24 год.) од село Брајковци. Тој во пријавата навел дека вработените во градинката ја запоставиле својата должност и ја оставиле неговата десетмесечна ќерка без надзор кога била повредена.
Од МТСП апелираа до политичките партии да не се користат децата за партиски цели, при што ги демантираа изјавите од ВМРО-ДПМНЕ дека инволвираните во случајот „го криеле бруталното насилство врз десетмесечно бебе во градинката“. Од ВМРО-ДПМНЕ денеска побараа одговорност од негувателките, разрешувањена директорката Елизабета Стоименова и оставка од министерката Јована Тренчовска.

Од почетокот на годинава, МТСП ѝ ги одзеде ингеренциите на Општина Гевглија и на градоначалникот Сарамандов за ЈОУДГ „Детска радост“ – Гевгелија, после непостапувањето во три наврати на законски надлежности во сферата на заштитата на децата што ги имаат локалните самоуправи согласно процесот на децентрализација во државата.

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Прекината 19-та седница на Совет на општина Гевгелија, продолжува утре

Next Post

Изведена прва трансплантација на црн дроб во Македонија

Next Post
Изведена прва трансплантација на црн дроб во Македонија

Изведена прва трансплантација на црн дроб во Македонија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Започна учебната година – нов почеток за 228 првачиња во Гевгелија

Започна учебната година – нов почеток за 228 првачиња во Гевгелија

2 години ago
Нов победнички Пехар за освоено ПРВО место за Александар Груиќ

Нов победнички Пехар за освоено ПРВО место за Александар Груиќ

12 месеци ago
Oпожарено возило на автопатот Гевгелија-Демир Капија предизвика и шумски пожар

Oпожарено возило на автопатот Гевгелија-Демир Капија предизвика и шумски пожар

2 месеци ago
Гевгелиските средношколци освоија Второ и Трето место на натпревар по математика

Гевгелиските средношколци освоија Второ и Трето место на натпревар по математика

3 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Средношколецот Лука Чучанов од Гевгелија започна меѓународна спортска кариера
  • Почина филмската икона – златното момче на Холивуд – Роберт Редфорд
  • Комисија на ОН: Израел врши геноцид во Газа

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Средношколецот Лука Чучанов од Гевгелија започна меѓународна спортска кариера

Средношколецот Лука Чучанов од Гевгелија започна меѓународна спортска кариера

септември 17, 2025
Почина филмската икона – златното момче на Холивуд – Роберт Редфорд

Почина филмската икона – златното момче на Холивуд – Роберт Редфорд

септември 16, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist