Поздрав од учениците по македонски јазик во средното училиште „Таканава“ во Токио објави Амбасадата на Јапонија во С. Македонија.
– „Учениците во средното училиште Таканава во Токио го изучуваат македонскиот јазик изминативе две години, ја презентираат македонската кујна, природното наследство на земјата и обичаите на училишните фестивали. Иницијатор и инспирација за нивните активности е нивниот професор г. Томоки Аојама“, пишува во објавата од јапонската амбасада во Македонија која го проследи видеото на социјалните мрежи.
Во видеото погледнете ги честитките за среќа во Новата година од младите ученици.