Денешниот ден 10-ти јануари е Меѓународен ден на смеењето.
Овој ден кој е осмислен да ги поттикне луѓето да се смеат, да се весели и радосни, е востановен во 1998 година по идеја на индиецот Медан Катаира. Се слави два пати во годината на 10 јануари и на 2-ри мај.
Смеењето е делотворно како за психичкото, така и за физичкото здравје. Кога се смееме се активираат 80 мускули во нашето тели, од тоа 17 мускули се на лицето. Со смеењето се поттикнува лачењето на хормонот за среќа, ендорфин.
Експертите велат дека неколку минути смеење се еднакви на 15 минути вежбање на собен велосипед.
Истражувањата покажуваат дека возрасните се смеат 17 пати на ден, а децата дури 300 пати. Според истите истражувања жените се смеат повеќе од мажите.
Смејте се, бидете среќни и радосни. Славете го Денот на смеата.