сабота, 12, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Запленети 161 kg кокаин на Солунското пристаниште во соработка со МВР и грчката полиција

Уште еден успешно спречен шверц на дрога - 161 килограми висококвалитетен кокаин запленет на солунското пристаниште, во заедничка акција на македонската и грчката полиција, Американската ДЕА и СЕЛЕК

јуни 3, 2023
in MАКЕДОНИЈА
Запленети 161 kg кокаин на Солунското пристаниште во соработка со МВР и грчката полиција
0
SHARES
933
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

На 02.06.2023 од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, во соработка и со заедничка меѓународна истрага со Службата за борба против дрога од Солун, Република Грција, Американската служба за борба против дрога – ДЕА и Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа – СЕЛЕК, успешно е реализирана заедничка операција на недозволена трговија со кокаин, при што во Солун се запленети 161 килограми кокаин.

Вчерашната акција е продолжение на успешната акција од 08 и 09.05 2023 година кога во Солун беа запленети 105 кг кокаин и беа лишени од слобода 10 лица во Грција, и тоа 7 лица државјани на Република Грција и 3 лица државјани на Република Албанија, додека во Република Северна Македонија беа лишени од слобода 4 лица, (еден гевгеличанец и 1 богданчанка) наши државјани, кои во моментот се притворени и се наоѓаат во истражниот затвор Скопје.

Related posts

Хуманата мисија „За нашите мали херои“ – 10ти ден од маратонот до Острог

Хуманата мисија „За нашите мали херои“ – 10ти ден од маратонот до Острог

јули 11, 2025
Европратеничката Јовева: ЕП ги признава македонскиот идентитет и јазик

Европратеничката Јовева: ЕП ги признава македонскиот идентитет и јазик

јули 10, 2025

Вчерашната операција е резултат на продолжување на истрагата во двете земји и меѓусебната размена на сите информации поврзани со членовите на меѓународната криминална група. Имено, во рамки на проверките за лицата и фирмите кои беа инволвирани во првиот случај на заплена на 105 кг кокаин, беше утврдено дека веќе лишените лица нарачале и организирале и втора, нова количина на кокаин од Еквадор. Во соработка со Службата за дрога од Солун беа утврдени контејнерите, по што по нивното пристигнување на пристаништето во Солун истите беа предмет на контрола.

На 02.06.2023 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, Единица за недозволена трговија со дрога, заедно со грчките колеги на пристаништето во Солун презедоа заеднички активности за откривање и вадење на наркотичната дрога кокаин во количина од 100 пакувања, односно во секој контејнер биле пронајдени по 50 пакувања со кокаин, со вкупна тежина од 161 килограм. Притоа, кокаинот беше пронајден во специјално направени бункери – крипти во шините од подот на двата контејнера.

Одделот за крим-полиција во текот на следната недела ќе достави известување до надлежниот Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како што соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска.

Министерството за внатрешни работи уште еднаш покажа и со своите активности докажа дека бескомпромисната борба за спречување на шверцот со наркотици останува врвен приоритет, а со одличната соработка со полициите од другите држави е признаен и почитуван меѓународен партнер, насочен кон сузбивање на оваа појава на глобален и меѓународен план, известуваат од МВР..

Криминалната група во која беа вмешани еден гевгеличанец и една богданчанка и понатаму се разобличува во заедничка акција на МВР, полицијата на Грција, Американската служба за борба против дрога – ДЕА и Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа – СЕЛЕК. Во двете акции, акцијата од 9 мај и вчерашната запленети се вкупно 266 килограми висококвалитетен кокаин.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Јуниорите на ФК „Кожуф“ на меѓународен турнир во Хрватска

Next Post

ВИДЕО: Невреме, поплави и одрони синоќа низ Македонија

Next Post
ВИДЕО: Невреме, поплави и одрони синоќа низ Македонија

ВИДЕО: Невреме, поплави и одрони синоќа низ Македонија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Гевгеличани не се откажуваат од брзото возење по патиштата

Гевгеличани не се откажуваат од брзото возење по патиштата

2 години ago
Товарен воз излетал од шините кај Зелениково, Железничкиот сообраќај е во прекин

Товарен воз излетал од шините кај Зелениково, Железничкиот сообраќај е во прекин

8 месеци ago
Средношколците од Гевгелија – ВИЦЕШАМПИОНИ во баскет на Државно првенство

Средношколците од Гевгелија – ВИЦЕШАМПИОНИ во баскет на Државно првенство

2 месеци ago
Зимата настапува денеска, а уште ноќва не’ потсети дека конечно доаѓа со -1 степен надворешна температура

Зимата настапува денеска, а уште ноќва не’ потсети дека конечно доаѓа со -1 степен надворешна температура

3 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Второ место во двојки за Александар Грујиќ во Софија
  • Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ
  • Хуманата мисија „За нашите мали херои“ – 10ти ден од маратонот до Острог

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Второ место во двојки за Александар Грујиќ во Софија

Второ место во двојки за Александар Грујиќ во Софија

јули 12, 2025
Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ

Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ

јули 11, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist