четврток, 13, август 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Почина Стојан Андов – првиот Претседател на самостојна и независна Македонија

Андов почина на 89-годишна возраст, тој во три наврати ја вршеше втората функција во државата, додека во 1995-та, по атентатот врз претседателот Киро Глигоров, беше 44 дена претседател на државата

јуни 18, 2024
in MАКЕДОНИЈА
Почина Стојан Андов – првиот Претседател на самостојна и независна Македонија
0
SHARES
122
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Андов беше прв претседател на Собранието на Република Македонија, а во историјата влезе во ноември 1991-вата кога раководеше со седницата на која беа потврдени темелите на независноста и самостојноста на државата кога беше изгласан Уставот на државата.

Андов почина на 89-годишна возраст, тој во три наврати ја вршеше втората функција во државата, додека во 1995-та, по атентатот врз претседателот Киро Глигоров, беше 44 дена претседател на државата.

Related posts

ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН!

ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН!

август 2, 2026
Деветмина лишени од слобода во Скопје, кај нив е пронајдена дрога

Деветмина лишени од слобода во Скопје, кај нив е пронајдена дрога

јули 31, 2026

Дваесет и седум години подоцна токму мемоарите за атентатот ќе му донесат и правни проблеми откако екс министерот Фрчковски преку суд успеа да го спречи продавањето на една од неговите 4 книги за политичките случувања во првите години на независна Македонија.

Ниту на промоцијата на неговите мемоари не пропушти да го искористи кавадаречкиот акцент.

Можеше да пишува од прво лице, бидејќи со претседателот Киро Глигоров и првиот премиер Никола Кљусев не сведочеа туку ја создаваа историјата на независноста. Андов од највисокото столче во Собранието имаше и поинаква перспектива на тие времиња кога војната и национализмот ја разоруваше поранешната држава.

Андов во Собрание на РМ

Како искусен политичар и дипломат кој извршувал повеќе пратенички и амбасадорски функции во СФРЈ беше свесен за нејзиниот крај кој отвори можност за нов почеток.

Во тоа време кога илјадници македонски војници беа на фронтот да гинат за туѓи национални идеи, и лично се вклучи во борбата тие да се вратат назад, па дури и со бегство.

Стојан Андов. Тој е роден во Кавадарци во 1935 година. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а дипломирал на Економскиот факултет во Скопје. Магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград во 1972 година.

Бил потпретседател на Републичкиот извршен совет, член на македонската делегација во Соборот на републиките и покраините и член на федералната влада во три мандати, каде се забележува неговата улога на преговарач во контактите на поранешна Југославија со експертите на ЕЕЗ (1971-1987 година).

Се сметал за извонреден познавач и експерт на економските прашања, како и политичар ориентиран кон пазарната економија. Бил амбасадор на поранешна Југославија во Ирак (1987-1991 година).

Основач е на Либералната партија на Македонија и како нејзин претседател ја водеше партијата до спојувањето со Демократската партија во 1997 година, кога е избран за претседател на Советот на новоформираната Либерално-демократска партија (ЛДП).

Бил избран и за потпретседател на Либералната интернационала.

Андов пред две години беше одлукуван со Орден „8 Септември“, за особен придонес, почит и благодарност за осамостојување на државата.

Вчера замина, а секогаш покрај неговото име ќе стои дека беше прв претседател на Собранието на независна и самостојна Македонија.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Две сообраќајки во еден ден на подрачјето на ОВР Гевгелија

Next Post

Фотоволтачна централа – донација од „ОКТА“ за ЈОУДГ „Детска радост“ Гевгелија

Next Post
Фотоволтачна централа – донација од „ОКТА“ за ЈОУДГ „Детска радост“ Гевгелија

Фотоволтачна централа - донација од „ОКТА“ за ЈОУДГ „Детска радост“ Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Времето денеска, спремно за уживање!

Времето денеска, спремно за уживање!

2 години ago
Новите „калинки“ со хорска видео премиера

Новите „калинки“ со хорска видео премиера

3 години ago
„Пчеларство Цветковиќ“ Гевгелија – 29 кратен ЗЛАТЕН рекордер на мед

„Пчеларство Цветковиќ“ Гевгелија – 29 кратен ЗЛАТЕН рекордер на мед

9 месеци ago
Кражба на кабел од железничката линија кај Гевгелија

Кражба на кабел од железничката линија кај Гевгелија

7 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Смртно настрада дрвосечач на Кожуф
  • ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени
  • Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026
ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

август 13, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist