четврток, 12, јуни 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home МОЗАИК

Ивана Коколанска – носител на ЗЛАТО и СРЕБРО од „Римини-Фест“ Италија

Има само 18 години, матурираше оваа година, а има освоено вкупно 55 награди, признанија и Златни медали за учество на домашни и меѓународни натпревари и настапи, последните две медали и' се од 21-от Интернационален музички фестивал во Италија, „Римини-Фест“ 2024

август 8, 2024
in МОЗАИК, Музика
Ивана Коколанска – носител на ЗЛАТО и СРЕБРО од „Римини-Фест“ Италија
0
SHARES
660
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Related posts

Завршен концерт на учениците од „Школата за тапани“ во Гевгелија

Завршен концерт на учениците од „Школата за тапани“ во Гевгелија

јуни 11, 2025
ОГЛАС за ВРАБОТУВАЊЕ – Комерцијалист за продажба

ОГЛАС за ВРАБОТУВАЊЕ – Комерцијалист за продажба

јуни 9, 2025

Ивана Коколанска, ученик на генерација 2020/2024 во СОУ,,Гоце Делчев” – Валандово, е одлична ученичка која има постигнато значајни успеси и награди на различни натпревари и манифестации. Во текот на своето образование, Ивана ја демонстрираше својата страст кон музиката, науката и хуманитарните активности. Нејзините достигнувања се значајни и бројни, што ја прави една од најистакнатите ученици во својата генерација.

Иако има само 18 години, матурираше оваа година, Ивана има освоено вкупно 55 награди, признанија и Златни медали за учество на домашни и меѓународни натпревари и настапи.

Последен и е настапот на 21-от Меѓународен фолклорен, танцов и музички фестивал „Римини-Фест“ 2024 во градот Римини во Италија.

Овде Ивана освои ПРВА награда и ЗЛАТЕН медал за настапот во групна изведба, септет со вокалната група во која учествува „Music soul“ од Гевгелија, а ВТОРО место и СРЕБРЕН медал за соло настап на истиот фестивал.

ЗЛАТЕН пехар и ЗЛАТЕН медал за групна изведба, СРЕБРЕН медал за соло изведба на „Римини-Фест“ Италија
Дипома, статуетки, медали – бербата на награди на Ивана во Италија, 2024

На Меѓународниот фестивал “РИМИНИ ФЕСТ” во Римини, Ивана блесна со својот талент. Нејзиниот извонреден перформанс како солист ѝ донесе II награда, додека во категорија состав со вокалната група „Music Soul“ освои I награда. Ова искуство не само што ја потврди нејзината музичка способност, туку и ја збогати со нови искуства и познанства на меѓународно ниво.

Настапот на „РИМИНИ ФЕСТ“ беше врвно искуство за Иванa, кој остави длабок впечаток и откри нови хоризонти за нејзиниот талент. Со својот магичен настап, Иванa успеа да го плени и жирито и публиката, и да се истакне во меѓународната конкуренција. Успехот на фестивалот го потврди нејзиниот посебен вокален дар и посветеност кон музиката.

Ивана со знамето на Македонија, пред настап на „Римини-Фест“, Италија

– „Овој настап е посебен за мене, не само поради тоа што ја освоив втората награда, туку и поради тоа што ја претставува целата моја посветеност и љубов кон музиката. Костимот, како и целата сценографија, беа дел од приказната што сакав да ја раскажам преку песната. Нема ништо поубаво од чувството кога си на сцена и кога публиката го чувствува истото што и ти го чувствуваш. Меѓународната конкуренција беше силна, но тоа што ја донесов победата дома е доказ дека трудот и страста секогаш победуваат“ – изјави за GevgelijaNET младата победничка Ивана.

https://gevgelijanet.com/wp-content/uploads/2024/08/451258634_7850064908436026_5393297388793600211_n.mp4

Таа ни’ посочи дека од есента ќе го продолжи своето образование на Медицински факултет на УКИМ во Скопје.

Ова е уште една потврда дека многуталентираната Ивана од Удово, Валандовско има и други интереси во животот, а тоа се медицинските науки и желбата да им помогне на луѓето во одржувањето на нивното здравје. А песната? Таа ќе остане вечна љубов на Ивана. А каде е песната таму е среќата, веселбата, љубовта, напредокот. Да и’ посакаме успех на оваа млада посветена девојка во остварувањето на своите амбиции и таленти.

Инаку, од училиштето на Ивана во Валандово велат дека Ивана со своите активности на многу полиња, но и докажани резултати, останува пример за младите генерации и гордост на своето училиште, СОУ “Гоце Делчев” – Валандово. Нејзината посветеност и успеси се инспирација за сите ученици и млади таленти во нашата заедница.

Освен блескавиот настап во Римини, ќе споменеме некои од нејзините веќе регистрирани успеси успеси:
1. Диплома за освоена I награда на Државниот натпревар по предметот музичка уметност (оркестар/бенд) (III година) АПСОЛУТЕН ПОБЕДНИК – РЕШЕНИЕ МОН
2. Диплома за освоено I (прво) место на Државниот натпревар по француски јазик за индивидуална франкофонска песна во категорија средно училиште 2024 – ЗЛАТЕН МЕДАЛ
Патување во Париз, Р.Франција како првонаградена, во период 6-9 јули 2024 година
3. Диплома за освоено I место категорија соло изведба, категорија состав – дует на МУЗИЧКИ ФЕСТИВАЛ ЕВРОПОРТА – ФЕСТ ГЕВГЕЛИЈА 2022
4. Освоена I награда во категорија ,,најдобра песна” (Молитвата на дрвото) на ГЛОБЕ ВИРТУЕЛНАТА СТУДЕНТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА, ЕВРОПА И ЕВРОАЗИЈА 2024
Стипендија за учество на Студентска конференција Глобе на 22 април, во Р.Чешка
5. Диплома за освоена II награда на XIII-ти Меѓународен музички фестивал ,,ВИНОЖИТО НАД КЛЕПТУЗА”- Велинград, Р.Бугарија (соло изведувач) СРЕБРЕН МЕДАЛ
6. Добитник на 6-то Ноемвриско признание за постигнати резултати во областа на музиката
7. Пофалница за освоено III место на литературниот конкурс – ТАЈНАТА НА ХРАБРИТЕ по повод 60 годишниот јубилеј на ООУ,,Страшо Пинџур” – Јосифово
8. Диплома за освоено I место на хуманитарниот литературен конкурс “Биди нечие сонце”;
9. Диплома за освоено I (прво) место на Државниот натпревар по француски јазик за индивидуална франкофонска песна во категорија средно училиште 2024 – ЗЛАТЕН МЕДАЛ;
10. Освоена I награда во категорија „најдобра песна” (Молитвата на дрвото) на ГЛОБЕ ВИРТУЕЛНАТА СТУДЕНТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА, ЕВРОПА И ЕВРОАЗИЈА 2024
Стипендија за учество на Студентска конференција Глобе на 22 април, во Р.Чешка.

Има уште награди, но се надеваме дека и со 10те наведени се оформува сликата за оваа талентирана ученичка за математиката, физиката, биологијата, музиката, првата помош, и оттука и определбата да студира Мадицина.

Ние само можеме да и’ посакаме успех во понатамошното школување и секако, ЧЕСТИТКИ ИВАНА!

Ивана, втора од десно, со членовите на групата „Music soul“ од Гевгелија со која освоија ПРВО место во Римини, Италија
Ивана пред настап во Италија со својата бела костимографија за изведбата на својата песна во соло категорија

 

Ивана во Париз – наградно патување за освоено ПРВО место на Државниот натопревар за индивидуална франкофонска песна во категорија средно училиште
ShareTweetShareSend
Previous Post

Македонската таеквондистка, Мила Рељиќ стаса до четвртфиналето на ЛОИ, можна е битка за бронза

Next Post

Во чест на Свети Пантелејмон, заштитникот на с.Ума, гевгелиско

Next Post
Во чест на Свети Пантелејмон, заштитникот на с.Ума, гевгелиско

Во чест на Свети Пантелејмон, заштитникот на с.Ума, гевгелиско

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Снимена змија на плажа во Грција како излегува од морето

ВИДЕО: Снимена змија на плажа во Грција како излегува од морето

1 година ago
Нина Попова – прва репрезентативка од Гевгелија за ракометна Македонија

Нина Попова – прва репрезентативка од Гевгелија за ракометна Македонија

2 години ago
Два дена опожарувања во с.Николиќ, Дојранско

Два дена опожарувања во с.Николиќ, Дојранско

1 година ago
Дона и Танкица од АК „7 Ноември“ Гевгелија – атлетичарки хуманитарки

Дона и Танкица од АК „7 Ноември“ Гевгелија – атлетичарки хуманитарки

2 недели ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Кривична пријава за жителка на Богданци
  • Завршен концерт на учениците од „Школата за тапани“ во Гевгелија
  • TИНА УПЧЕВА – Каратистка од Дојран во „ТОП 5“ на Балканот

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Кривична пријава за жителка на Богданци

Кривична пријава за жителка на Богданци

јуни 11, 2025
Завршен концерт на учениците од „Школата за тапани“ во Гевгелија

Завршен концерт на учениците од „Школата за тапани“ во Гевгелија

јуни 11, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist