понеделник, 7, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Признание за храброст и стипендија за младиот херој Јован од Виница

Општествено одговорните се одважија да го наградат со признание и стипендија за студирање 19 годишниот херој во несреќата во Кочани, Јован Костадинов од Виница

март 27, 2025
in MАКЕДОНИЈА
Признание за храброст и стипендија за младиот херој Јован од Виница
0
SHARES
209
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Општествено одговорните се одважија да го наградат со признание и стипендија за студирање 19 годишниот херој во несреќата во Кочани, Јован Костадинов од Виница.

Вчера се огласи компанијата „АЛКАЛОИД“ со донација од 15 милиони денари помош за настраданите и повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, но и награда, 4 годишна стипендија за младиот херој Јован Костадинов.

Related posts

Изгоре човек во пожар кај Железничка станица во Ѓорче Петров

Изгоре човек во пожар кај Железничка станица во Ѓорче Петров

јули 7, 2025
МВР – Превентивни активности на Дојранското езеро

МВР – Превентивни активности на Дојранското езеро

јули 5, 2025

Јован ќе добива секој месец по 18.000 денари стипендија за студирање, бидејќи тој е годинава матурант во средното училиште „Ванчо Прќе“ во Виница, така што ова стипендирање ќе му биде добар поттик за успешно да ги заврши студиите кои ќе ги одбере. Компанијата „АЛКАЛОИД“ сака да му го олесни патот кон иднината, како што тој несебично го отвори патот кон животот за 21 лице кои ги извлече од огнената и задушливо-отровна стихија во опожарената дискотека „Пулс“ на кобната вечер од 16 март годинава.

Со иста одлука за признание за херојството вчера се огласи и општина Виница.

Советот на општина Виница на вчерашната 40-та редовна седница донесе Одлука да се додели Плакета за херојство на Јован Костадинов и стипендија за неговото 4 годишно студирање.

– „Јован е светла точка во деновите на темнина. Неговото име ќе остане запаметено, а неговиот пример треба биде уште поголема инспирација за да бидеме подобри, посилни и похрабри граѓани на нашата Македонија“, напиша премиерот.

Гестот кон Јован е повеќе од финансиска поддршка – тоа е признание за неговата храброст и несебичност, но и порака дека вистинските херои не остануваат незабележани. Македонската јавност веќе го препозна како симбол на младешка сила и доблест, а сега, со оваа поддршка, му се дава можност да ја гради својата иднина со уште поголема сигурност.

Херојството и човечноста заслужуваат поддршка!
Браво Јоване! Ја заслужи нашата благодарност и почит!

Јован дочекан во своето училиште со овации, шпалир од прегратки, со аплауз, плишани мечиња и пораката „Ти си нашиот херој“

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Четири градежни фирми од Гевгелија со одземени лиценци од Министерството за транспорт

Next Post

Црвен крст Гевгелија во служба на хуманоста со трета крводарителска акција годинава

Next Post
Црвен крст Гевгелија во служба на хуманоста со трета крводарителска акција годинава

Црвен крст Гевгелија во служба на хуманоста со трета крводарителска акција годинава

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Таравари: Лекувањето на пациентите од пожарот во Кочани во другите држави е бесплатно

Таравари: Лекувањето на пациентите од пожарот во Кочани во другите држави е бесплатно

4 месеци ago
Пет медали за малите каратисти од КК „Дојран“ на Меѓународен WKF турнир во Романија

Пет медали за малите каратисти од КК „Дојран“ на Меѓународен WKF турнир во Романија

2 години ago
ВИДЕО: Газди-хуманитарци

ВИДЕО: Газди-хуманитарци

2 години ago
ВИДЕО: Слободанка Арнаудова настапи на „Пиволенд“

ВИДЕО: Слободанка Арнаудова настапи на „Пиволенд“

9 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: Пожар во близина на с.Николиќ, дојранско
  • Почувствуван земјотрес во Валандово
  • Изгоре човек во пожар кај Железничка станица во Ѓорче Петров

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: Пожар во близина на с.Николиќ, дојранско

ВИДЕО: Пожар во близина на с.Николиќ, дојранско

јули 7, 2025
Почувствуван земјотрес во Валандово

Почувствуван земјотрес во Валандово

јули 7, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist