Во рамките на „Скопскиот маратон 2025“ вчера се трчаше трка од 5 километри на која настапи 11 годишната Ана Бегова од Гевгелија.
Таа без проблем патеката од 5.000 метри ја истрча со време од 00:24:36 и постигна осмо време и осмо место во севкупна конкуренција на 4.600 жени учеснички на трката од 5 km на 21-от „Виз ер Скопски маратон 2025“.
Ана е членка на Атлетскиот клуб „7 Ноември“ од Гевгелија и најнадежна млада атлетичарка од „Школата за атлетика“ при гевгелискиот клуб. Тренира под раководство на професорите по спорт Влатко Семенаков и Тоше Анчев и од почетокот на своите спортски настапи низ Македонија и во странство нижи успеси, победи и медали.

Еве ја како пристигнува на целта на „Виз ер Скопски маратон“ со редниот број 13406, а мерачот на време покажува 00:24:36 при влез на Ана во Целта:
Победник на оваа трка беше Хајдари Ирма со време од 00:18:54 min.
Ана заостанувала зад победничката за 5 минути и 42 секунди. Ана има 11 години, а Ирма 21 година и сигурно поголемо атлетско искуство. Но, надежите се дека победите и’ претстојат на најмалата атлетска стрела од југот на Македонија, малата Ана Бегова.
Зошто е ова извонреден резултат за Ана? Затоа што во конкуренција од 12.000 натпреварувачи во машка и женска конкуренција на трката од 5 км во Скопје, каде настапуваа атлетичари од 58 светски земји, севкупно, Ана пристигна на целтаа истрчувајќи 100-то најдобро време. Ана е пионерка, а им се „меша“ во победничките резултати на два, три пати поголеми и поискусни атлетичари од неа.
Честитки Ана! Реди и понатаму победи во животот!
Доделена ПЛАКЕТА за „Најнадежна млада спортистка од Гевгелија за 2024 година“ на Ана Бегова




















