Со последните изборни резултати презентирани од ДИК во Богданци изборна победа за градоначалник остварил актуелниот носител на оваа функција Блаже Шапов, кандидат на СДСМ, на кому ова му е трет градоначалнички мандат.
Во трката за доверба на граѓаните Блаже Шапов освои 1.989 гласови, или 50,03% гласови од граѓаните кои гласале во недела на изборниот ден. Според Изборниот законик на РМ ако на изборниот ден гласале повеќе од 30% граѓани со право на глас, а од нив над 50% гласале за некој кандидат истиот остварува победа и е избран со вољата на граѓаните за нов градоначалник. Во случајот со општина Богданци, гласачите избраа старо-нов градоначалник уште во првиот круг.
Вториот кандидат во изборната трка за градоначалник на Богданци Марјан Пеев од ВМРО-ДПМНЕ доби 1.806 гласови или 45,42% од граѓаните се изјасниле за него.

За Состав на Советот на општина Богданци граѓаните се изјаснија на следниот начин:
СДСМ освои 1.710 гласови (43,01%), ВМРО-ДПМНЕ 1.637 гласови (41,17%), Левица -259 (6,51%), ЛДП 108 гласови (2,72%) и ЗНАМ 74 гласови (1,86%).
Според Донтовиот модел на распределба на советничките мандати Советот го пополнија 6-мина од листата на СДСМ и 5-мина од листата на ВМРО-ДПМНЕ. И покрај освоените 6,51% од Левица оваа партија не освои место во Советот на општина Богданци.
Местото во Советот го пополнуваат следните партиски претставници како локалната власт во следните 4 години мандат:
1. НИКОЛА СТРАТРОВ- (5. Коал. СДСМ)
2. РОСИЦА ШАБАНОВА – (5. Коал. СДСМ)
3. БОГОМИЛ МАРКОВ – (5. Коал. СДСМ)
4. МАРИЈА ГОГОВА – (5. Коал. СДСМ)
5. МИТКО МУРЏЕВ – (5. Коал. СДСМ)
6. РАХЕЛА ЈОВАНОВИЌ – (5. Коал. СДСМ)
7. ЕЛЕНА МАНОЛЕВА-ЃАВОЧАНОВА – (9. Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
8. ЉУБИЦА ТОДОРОВА – (9. Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
9. РОБЕРТ ИВАНЏИКОВ – (9. Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
10. АНТОНИО ПРЧЕВ – (9. Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
11. КАРОЛИНА ПОПОВА – (9. Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
Во Богданци гласале 3,833 граѓани, што е одзив од 59,78% од запишаните 6.429 граѓани во единствениот избирачки список за оваа општина.



















