Единаесетчлениот тим на гевгелискиот карате клуб „АРМОР“ и годинава учествуваше на Третиот по ред меѓународен турнир „Дојран Опен 2025“ и освои 7 подиуми и 7 медали. Освоени се еден подиум за ПРВО место, три ВТОРИ и три подиуми и медали за ТРЕТО место.
Со Дипломи за својот успех и медали се закитија:
● Давид Аврамоски – ПРВО место и🥇
● Јасна Лазаров – ВТОРО место 🥈
● Јован Лазаров – ВТОРО и ТРЕТО место 🥈🥉
● Јована Динев – ВТОРО и ТРЕТО место 🥉🥉
● Андреј Мишков – ТРЕТО место🥉
Сите се натпреваруваа во дисциплината „кати индивидуално“.

Турнирот се организира традиционално секоја година во пресрет на Денот на ослободувањето на Дојран 5 ноември, а годинава се одржа третото издание. На истиот учествуваа 596 учесника од 9 земји од Балканот и Европа и тоа: Македонија, Србија, Грција, Бугарија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Романија и Црна Гора.
Организатор на големиот спортски настан во Дојран е Карате клубот „Дојран“ под покровителство на Светската карате Федерација (WKF) и Карате Федерацијата на Македонија со поддршка на општина Дојран.
Ова е голем успех за гевгелиските каратисти кои си ги одмерија силите со своите врсници од Балканските и европски земји постигнувајќи резултати вредни за медали.
























