Река од деца со развиорени знаменца на Македонија денеска продефилираа во центарот на Гевгелија за да ја означат радосната вест – 81 годишнината од ослободувањето на Гевгелија од фашизмот во ВСВ, на овој ден 7 ноември 1944 година.
Вака насмеани и среќни беа и партизаните пред осум децении кога ја донесоа и објавија со марш низ улиците извојуваната слобода, вака децата денеска ни покажуваат дека живееме слободни, сакани, среќни со поглед кон иднината.
Среќен ти празник граду наш, убава, сончева Гевгелија!



















