Оваа 2025 година се одбележува мал 5 годишен јубилеј од одржувањето на најголемиот и најбројниот спортски настан во Гевгелија, кој привлекува и најбројна публика низ улиците на Гевгелија, а тоа се градските трки „November Run 2025“ организирани во чест на општинскиот празник 7 Ноември.
И годинава се очекува огромен број на учесници, над 2.500 како од Македонија, од Атлетскиот клуб „7 Ноември“ Гевгелија, од Атлетски клубови од земјава и од повеќе странски земји. Големата популарност на трката на републичко, но и меѓународно ниво, меѓу атлетските вљуеници од светот придонесоа годинава пријавите за учество на спортскиот настан да бидат исполнети предвреме, две недели пред одржувањето на трките. Тоа го покажува големиот интерес за спортскиот настан во Гевгелија и етаблирање на „November Run“ на атлетската карта кај нас и во светот.
Предвидени се и годинава да се одржат 7 трки: 4 детски трки во различни возрасни категории, Инклузивната трка „Run Together“ и трките на 5 и 10 километри. И годинава резултатите од трките на 5 и 10 километри ќе се сметаат за национално првенство на Македонија од конкуренцијата на домашните натпреварувачи.

Настанот започнува во сабота, 15 ноември во 12:30 часот со инклузивната трка „Run Together“ со пријавени вкупно 800 учесници кои ќе истрчат на трасата долга 1 километар. Потоа следуваат детските трки. Во неделата на 16 ноември, со почеток од 10 часот се изведуваат трките од 5 и 10 километри, со повеќе од 1.250 пријавени учесници од земјата и странство.

Оваа година „November Run“ ќе додели парични награди за најбрзите пет учесници во машка и женска категорија на трките на 5 и 10 км, како и награди за рекорди на патека доколку се срушат актуелните времиња 🥇
Наградите се движат од 300 до 800 евра за најдоброто време на патеката доколку се срушат актуелните времиња на 10 км мажи, под 27:59 минути. Истиот износ се доделува и на најдобрите 5 натпреварувачки во трката за жени на 10 км, но за време под 31:29 мин. како најдобро постигнато до сега.
За освоените први 5 места наградите се движат од 50 до 200 евра за трката од 5 км, и за машка, и женската трка. За трката од 10 км наградите се движат од 100 до 500 евра и за машка, и за женска конкуренција.

Секој од учесниците на трките на крајот од тркачката стаза, со пристигнувањето на Целта добива „Финишер медал“ за трката на која се натпреварувал, (10, 5, или 1 км).


Ако не сте на листата на тркачите, овој викенд бидете на листата на гледачите низ полните улици атлетски сили од земјата и светот кои ќе трчат низ Гевгелија.




















