Најмалата но вредна „Школа за атлетика“ при Аткетскиот клуб „7 Ноември“ кој е организатор на спортскиот настан „NOVEMBER RUN 2025“ се покажа во победничко светло на детските трки каде освоија ПЕТ ПОДИУМИ: 4 ПРВИ места и едно ТРЕТО место.
На подиумите се искачија:
1. АНА БЕГОВА – ПРВО место – (родена 2014 г.) со најдобар резултат од 3:53 min на траса од 1 km
2. МАКСИМ АНГОВ – ПРВО место – (роден 2013) со најдобар резултат од 3:19 min и двајцата на детска трка за генерација 2012-2014 победници во категоријата девојчиња и момчиња, поеднинечно;
3. ТОМЧЕ ПЕТКОВ – ПОБЕДНИК на Детска трка генерација 2015-2016 со резултат 3:40 min
4. ЈОВАН КЕЦОЕВИЌ – ПОБЕДНИК на трката од 2019 и помлади, (роден 2019), и
5. РИСТЕ ЈОВАНОВСКИ – ТРЕТО место на трката од 2012-2014 со резултат од 3:38 min.




Сите победници добија медали, победнички пехари и награден ваучер од 2.000 денари од организаторот АК „7 Ноември“ од Гевгелија. Медал понесоа сите освојувачи на подиум со пригодна награда.
На детските трки во Гевгелија денеска настапија 800 дечиња во различни генерации, на три трки победници се гевгелиските млади атлетски сили од „Школата за атлетика“ на АК „7 Ноември“ Гевгелија, кои тренираат со посветените професори по спорт Влатко Семенаков и Тодор Анчев.
Им упатуваме честитки на медалоносците и понатамошни спортски успеси на тркачките патеки и во животот воопшто!




















