Вредните девојчиња од тановото студио „Mystic dance“ од Гевгелија изминатиот викенд настапија на „Dalmatian Dance Trophy“ во Сплит, Хрватска и од таму се вратија со седум освоени подиуми, седум пехари и награди.
– Две групи од категорија „деца“ освоија ЕДНО ПРВО и ЕДНО ВТОРО место во својата возрасна категорија;
– Формацијата составена од јуниори освои ТРЕТО место;
– Трио од категоријата сениори освоија ПРВО место;
– Солистите завршија со овоени подиуми за ВТОРО и ТРЕТО место;
– Најуспешна меѓу учесничките од „Mystic dance“ беша Мими Чакалова, која приреди најголемо изненадување освојувајќи ПРВО место во категоријата „деца street show solo“ и од судиите доби глас за влез на Гала вечерта, во Топ солисти.

Ова се добитниците на пехари и медали за успешниот настап, а сепак близу до подиум беа и другите настапи од гевгелиското танцово студио „Mystic dance“. Овде се истакнуваат трио деца, Михаела и Сара. Нивните достигнувања беа следните:
– Трио деца освои 5-то место;
– Две јуниорки се натпреваруваа во „hiphop слободен стил“, двете поминаа во полуфинале: Михаела успеа да влезе во финале и да го завзеде 4-то место;
– Сара во категоријата „деца слободен стил“ влезе во полуфинале и финале и освои 5-то место.

– „На меѓународниот танцов натпревар „Dalmatian Dance Trophy“, кој по јубилеен десетти пат се одржа оваа 2025 година учеството на гевгелиското танцово студио беше успешно. Настапивме со голема желба за успех, а трудот ни’ се исплати — се вративме дома со повеќе освоени награди и многу убави моменти кои ќе ги паметиме долго“ – изјави Александар Аврамов, кореограф и ментор на Мистик танцовото студио од Гевгелија.
Успехот во Сплит е голем, дотолку повеќе што „Mystic dance“ беше единствен учесник од Македонија и секоја награда одекнуваше со обележјето на Македонија.

На меѓународниот танцов натпревар „Dalmatian Dance Trophy“ во Сплит настапија и танцови студија од Црна Гора, Босна и Херцеговина, повеќе танцови студија од Хрватска и други.
Браво за нашите разиграни девојчиња од Гевгелија кои го покажаа танцовиот ритам од југот и ги освоија вредните награди од меѓународното жири во Сплит – 40 девојчиња, 40 убавици, 40 танцови ѕведички од југот!





















