Словенечкиот ас Домен Превц испиша историја освојувајќи златен медал на големата скокалница на Зимските Олимписки игри во Милано. Превц по првата серија беше втор со извонреден скок од 147 метри, но во втората буквално „експлодира“ и прелета на фантастични 154,8 метри, што беше најдобар скок во финалната серија и доволен за највисокото место на пиедесталот.
Со вкупно 301,8 поени, Словенецот зад себе го остави Јапонецот Рен Никаидо кој мораше да се задоволи со сребро.
Бронзата замина во Полска кај Кацпер Томасиак кој го обезбеди подиумот за трето место и бронзен медал.
За Превц, ова злато претставува круна на сезоната во која триумираше на четирите скокалници, а во овој момент е и лидер во ФИС Светскиот куп.
Japonec v finalu ni zdržal, Domen Prevc je olimpijski prvak 🥇 pic.twitter.com/6c1WMuqTSv
— uros gramc (@urosgramc) February 14, 2026
Превц е носител на златниот медал и од Новогодишниот натпревар во скокови на Гарминпартенкирхен во Германија што се одржа на 1 јануари 2026.




















