Годинашниов 26-ти по ред „Сплитски маратон“ беше предизвик и успех за четворица гевгелиски атлетичари кои настапија на трката од 10 километри и го освоија ВТОРОТО место во севкупна конкуренција.
Носители на Вицешампионскиот медал се: Влатко Семенаков, Тоше Анчев, Даниел Анчев и Стеван Ѓошев, сите членови на АК „7 Ноември“ од Гевгелија. Тие постигнаа ВТОРО НАЈДОБРО ВРЕМЕ од севкупната конкуренција на трката „Тимска десека“. Oд победничкиот тим доцнеа само 37 секунди.

Македонскиот тим до Гевгелија ја истрча патеката со време од 2: 44:08 h, a придонесот на секој од атлетичарите во тимскиот резултат е следен:
– Влатко Семенаков – 39:08 минути
– Тодор (Тоше) Анчев – 40: 32 min
– Стеван Ѓошев – 41:22 min. и
– Даниел Анчев – 43:04 min.

Трката на 10 км се одржа под името „Mazda timska 10km“ низ градските улици и кејот на Сплит, во Хрватска, вчера на 15 февруари. Организатор на „Сплитскиот маратон“ е Спортскиот клуб „Сплитски маратон“ од градот домаќин.
На традиционалниот атлетски настан во Сплит се одржаа пет натпреварувачки трки во женска и машка конкуренција и тоа на траса од: 5 km, 10 km, полумаратон од 21 km, маратонса трка од 42 km и тимска трка од 10 km.

Честитки до гевгелиските атлетичари медалоносци од престижниот маратонски натпревар во Сплит!






















