сабота, 3, октомври 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

ФОТО: TППЕ Гевгелија со 14 интервенции за 24h по ветровитата ноќ во Гевгелија

„Се работеше цел ден на терен. Екипите беа постојано на терен. Се гаснеа опожарени домашни оџаци, се спаси од опожарување семејна куќа, запален автомобил, дејствувавме за расчистување на теренот и елиминирање на опасности од паднатиот кров во гимназијата во градот, ја обезбедувавме евакуацијата на децата од детската градинка“ - вели командирот на ТППЕ Гевгелија, Игор Ризов

февруари 18, 2026
in ФОКУС
ФОТО: TППЕ Гевгелија со 14 интервенции за 24h по ветровитата ноќ во Гевгелија
0
SHARES
2.5k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Бурна вечер и ангажиран ден за гевгелиските пожарникари во текот на изминатите 24 часа, со реализирани 14 интервенции на терен за расчистување при настанати штети од ветровитото деноноќие во Гевгелија и опасности од опожарување помогнати од силниот ветер.

Уште во текот на ноќта се интервенираше на теренот од СОУ „Јосиф Јосифовски“ каде беше паднат лимениот кров од зградата на гевгелиското средно училиште. Се обезбедуваше теренот за да не настанат повреди, или несреќи над случајни минувачи.
Во текот на ноќта се интервенираше при гаснење на запалени оџаци од приватни семејни куќи кои биле во пламен потпомогнат од силниот ветар.

Related posts

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026
Осум (8) години од тројниот „РЕНО РЕКОРД“ на Стојачани

Осум (8) години од тројниот „РЕНО РЕКОРД“ на Стојачани

септември 30, 2026

Во 06:50 часот денес изутрина екипа на ТППЕ Гевгелија со 2 ПП возила и 7 пожарникари интервенираше во гаснење на опожарен кров од куќа. Со брзата интервеција пожарот беше изгаснат, куќата спасена, но има причинета материјална штета.

Околу 10 часот екипа на гевгелиските пожарникари ја обезбедуваше евакуацијата на децата од детската градинка „Цветови“ во Гевгелија каде ветрот со својата силина успеал да однесе еден дел од кровот, а другиот дел да виси. Од безбедносни причини одлучено е децата да се примат од родителите, а нивната евакуација и сигурност да ја обезбедуваат пожарникарите од ТППЕ Гевгелија. Оваа акција ја побарал и наредил директно градоначаникот на општина Гевгелија.

Во 11 часот се интервенираше на „Западен булевар“ во Гевгелија каде имаше паднато дрво поради што сообраќајот беше во застој. Исечени се гранките, стеблото на дрвото на трупци и просторот беше ослободен за сообраќаен проток на моторни возила, велосипеди, пешаци.

И двете сообраќајни ленти блокирани од паднатото дрво на Западен булевар Гевгелија

Во 13:25 часот екипа на ТППЕ Гевгелија доби повик за опожарени копа сено во с.Мрзенци, гевгелиско. Овде со ПП возило и екипа пожарникари брзо се интервенирало во гаснеше на пожарот, кој е ликвидиран и спречено опожарување на околниот простор каде уште се наоѓале барака и штала. Пожарот настанал од запалено ѓубре фрлено покрај Мрзенска река каде во близина се наоѓал опожарениот сточарски имот. На ветрот доволна била само една искра горењето на ѓубрето да се претвори во пожар на сеното на имотот на стопанственик од Мрзенци.

Работниот ден не завршил тука. Во 14:50 часот дежурните служби на ТППЕ Гевгелија добиваат повик за опожарен автомобил на Автопатот „Пријателство“ кај делницата Гевгелија-Прдејци. Автомобилот се запалил во движење, а свесниот возач без паника се јавил на службите за интервенција. Возилото е изгаснато, но настанала штета на моторниот дел која треба да се санира.

Во текот на денот екипи на ТППЕ Гевгелија продолжија со расчистување и обезбедување на теренот од кровот на СОУ „Ј.Јосифовски“ со цел да се елиминираат несакани ефекти од настанатата штета и паднатиот кров во дворот на средното училиште во Гевгелија и на околниот паркинг простор кај Спортската сала во Гевгелија.

На покривот на гимназијата – нема кров
Само остатоци од даски на покривот од гимназијата – кровот летна

– „Се работеше цел ден на терен. Екипите беа постојано на терен. Се гаснеа опожарени домашни оџаци, се спаси од опожарување семејна куќа, запален автомобил, дејствувавме за расчистување на теренот и елиминирање на опасности од паднатиот кров во гимназијата во градот, ја обезбедувавме евакуацијата на децата од детската градинка. Имаше и технички интервенции, миење на асфалтот по расчистувањето на паднатото дрво и други активности за да се нормализира функционирањето на граѓаните после таков снажен ветровит ден“ – изјави Игор Ризов, командир на ТППЕ Гевгелија.

Интервенција на опожарен кров на куќа во Гевгелија

Се’ на се’ бурен работен ден за гевгелиските пожарникари. Не им е лесно. Кога природата ќе здивее, а огновите ќе се појават неконтролирано тука се обучените пожарникари кои први пристапуваат и при непогоди со цел да внесат сигурност во дејствувањето и систематизирано расчистување и решавање на проблемот.
Додека ние зборуваме колку застуде од ветрот, гевгелиските пожарникари 24 часови во служба на народот – интервенираат за да ги елиминираат опасностите, настанатите штети и да спречат материјални и човечки загуби.

Ви благодариме што сте секогаш тука за нас!

Пожарникар од ТППЕ Гевгелија интервенира на опожарениот кров од семејна куќа
ShareTweetShareSend
Previous Post

ВИДЕО и ФОТО: Од силниот ветар одлета кровот од Гимназијата во Гевгелија

Next Post

„Откако ќе заѕвони ѕвончето“ – Исповед на Мери Костадинова

Next Post
„Откако ќе заѕвони ѕвончето“ – Исповед на Мери Костадинова

„Откако ќе заѕвони ѕвончето“ - Исповед на Мери Костадинова

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Греса од Косово и Бенард од Кенија ПОБЕДНИЦИ на „November Run“ на 5 km

Греса од Косово и Бенард од Кенија ПОБЕДНИЦИ на „November Run“ на 5 km

11 месеци ago
КУД „Негорци“ организатор и домаќин на Регионални Фолклорни смотри

КУД „Негорци“ организатор и домаќин на Регионални Фолклорни смотри

2 години ago
MАКСИМ АНГОВ – детето рекордер од југот!

MАКСИМ АНГОВ – детето рекордер од југот!

2 години ago
Откриено спомен обележје за загинатите од „Диво насеље“

Откриено спомен обележје за загинатите од „Диво насеље“

3 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: Македонска песна во Воден, Егејска Македонија
  • ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава
  • ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: Македонска песна во Воден, Егејска Македонија

ВИДЕО: Македонска песна во Воден, Егејска Македонија

октомври 2, 2026
ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

октомври 2, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist